Запознај го Андреј Овнарски – алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање кој направи кариерна трансформација во една од најбараните области денес.

Неговата максимална посветеност резултираше со ново работно место како Full-Stack Developer во компанијата Scandiweb.

 

Си поразговаравме со Андреј за неговото кариерно патување

 

Здраво Андреј! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите? 

Здраво, јас сум Андреј – студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Комуникативен дечко кој сака забава и дружење. Сакам спортски активности, посебно фудбал. Уживам во играње комјутерски игри. Сакам да шетам на различни дестинации. Секогаш достапен за помош. Подготвен за секаков предизвик.

 

Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?

Сакам предизвици. Се одлучив за Full-Stack од причина што сакав да добијам што е можно повеќе знаење за програмирањето. Бидејќи Full-Stack е работа со предниот и задниот дел од програмирањето, решив да се насочам кон тоа. Како второ, голема област, можност за работа и активности во IT светот.

 

Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?

Сѐ беше супер. Моите очекувања беа исполнети. Добив нов смер во мојата кариера. Супер кул професори кои максимално се залагаа за да научиме. Практичната работа на Академијата ме подготви за работа. Од самиот почеток знаев дека очекувањата ќе бидат преголеми. За на крајот да резултираат со наоѓање на посакуваната работа.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Сите модули си имаа некоја интересна особина. Но, ако би издвоил еден би рекол дека е PHP. Најголем предизвик ми беше Хакатонот за Специјалната Олимпијада бидејќи беше реален проект за клиент. Предизвикот го надминав со вложување на преголем труд во тоа што го работев и се разбира со помош на тимската работа и комуникација.

 

Твојата кариера како Full-Stack Developer ја започна во компанијата Scandiweb. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?

Кариерата ја започнав како Full-Stack Developer во Scandiweb. Во потрага по работа наидов на многу компании. Scandiweb беше една од нив. Го пратив моето CV и чекав одговор. Процесот се одвиваше онлајн. Неколку технички задачи и интервју. После неколку дена ми беше кажано дека сум ја добил работата.

 

Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место, која е областа на работа на оваа компанија?

Scandiweb е фирма која се занимава со правење E-commerce страници. Тоа се веб страници за купување и продавање на секаков вид на продукти. Едноставно кажано online продавница.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?

Работното време ми почнува од 8 часот наутро. Денот прво го започнувам со кафе додека се припремам за работа. Работата е секој ден различна во зависност од тоа што бара клиентот. Но, претежно е креирање и средување во позадинскиот дел и креирање и средување на изгледот на предниот дел. Целата основа се базира на Magento 2. Magento е платформа за поедноставен начин за креирање и користење на online продавниците. Се користат PHP, React, Javascript, MySQL како технологии и алатки.

 

Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?

Верувај во тоа што го правиш. Секогаш труди се максимално во работата. Многу практична работа и многу вежбање. Никогаш не се плаши да ги преземеш работите во свои раце. Најтешко е да се стигне до врвот, но од таму погледот е најубав. И се разбира со тимот на Brainster сѐ е возможно.

 

И за крај, кои се твоите планови за во иднина?

Во иднина се гледам како поискусен developer. Плановите ми се да се усовршам во што повеќе технологии. Да бидам дел од некоја голема и светска IT компанија.

 

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!