Запознај ја Марија Матаничкова – студент на Академијата за дигитален маркетинг, која со огромна желба и мотивација се одлучи да ги надгради своите маркетинг вештини.
Студент: Марија Матаничкова
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Професија: Студент
Од првиот час на Академијата паметам: Запознавање со колегите и инструкторите, споделување на различни искуства и запознавање со предизвиците.
Се решив да ја искористам есенва продуктивно и да научам: Бидејќи имав минимално познавање во маркетинг светот, решив да започнам со најосновното. За видови маркетинг, брендирање, маркетинг стратегија итн.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Отсекогаш ме интересирала ИТ индустријата бидејќи секојдневно светот се модернизира. Сѐ е дигитално и online, и како поголемиот дел од младата популација, сакам да сум во тек со новитетите.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: SEO & Google Analytics.
После предавањата секогаш: Ги прегледувам видеата уште еднаш и ги повторувам работите кои не ми се толку јасни.
Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Како ќе го совладам материјалот и дали ќе се соочувам со потешкотии.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Надградување и соочување со многу предизвици.
Оваа област за мене значи: Огромна можност за градење на кариера, област која е побарувана низ целиот свет.
Во слободно време: Читам книги, гледам филмови и се дружам.
Сакам да читам: Психолошки книги
Сакам да гледам: Драми и трилери
Омилен цитат: “It’s never too late to be what you could be.”
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!