Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.

Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.

Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе ја запознаете Дијана Димитриевска – Team Lead на Дизајн тимот на Brainster.

 

Дознајте што таа имаше да ни сподели околу тоа како ѝ поминува работниот ден, што ја прави исполнета и што ја мотивира, но и како Brainster ѝ помага да се оствари на сите полиња.

 

 

Здраво Дијана можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?

Хелоуу. Како тим лид на дизајн тимот во Brainster, дел сум од голем спектар на работни задачи – оперативни, менаџерски и креативни.

Дизајн дизајн дизајн, организација на работни задачи, онбордирање и работа со практиканти, споделување искуство, креативен или технички инпут, континуирано учење, прогрес и надградување како лично така и тимско, грижа да не ја напуштиме при работа визијата или големата слика, грижа да не ги изумиме малите детали бидејќи the devil is in there, грижа за добар временски менаџмент при тие zoom in zoom out, грижа за тимот, меѓутимска комуникација, справување со bottlenecks, грижа за процесот и егзекуцијата и на најмали таскови и на големи продукти… сумирано звучи како многу грижа, но тоа е манифестација на љубов кога си ја сакаш работата.

 

Како изгледа еден типичен ден во животот на графички дизајнер?

Средината и самите работни задачи го определуваат „типичниот ден“ на еден дизајнер. Типичен ден понекогаш е цел ден состаноци, понекогаш комуникација и трчање по печатници и одобрување материјали, понекогаш deep dive слот за фокусирана и непрекината работа, понекогаш инсирација истражување и тестирање нови правци, понекогаш многу случувања во еден ден – понекогаш не. 🙂 

 

 

Една од твоите улоги, како лидер на дизајн тимот во Brainster е да учествуваш во селекцијата на практиканти кои се придружуваат во вашиот тим. Раскажи ни повеќе за процесот.

Да се има практиканти во тимот е навистина одговорна работа, затоа правиме селекција и интервјуираме студенти од Академијата за Графички Дизајн за позиција практиканти само кога ќе се поклопат следните две работи – outstanding перформанс на некој студент со интерни тимски капацитети. 

По онбордингот следат 3 месеци на соработка каде секогаш се трудиме да им посветиме доволно време на практикантите за да им овозможиме што повеќе да искусат за време на нивната пракса, да го „скршат мразот“ со прво работно место во сферата која е нова за нив, да добијат поголема самодоверба, да научат подобро да комуницираат со колеги и клиенти, да го подобрат својот перформанс, да научат или утврдат нови вештини и да имаат тим со кој можат во секое време да се консултираат. 

 

Што правиш во слободно време, дали имаш некое хоби и кои се твоите интереси? 

Уживам во музика. Точка 🙂 

На подиум или позади DJ пулт, неретко сум таму.. Тоа е мојата слободна зона за изразување, за конекција пред сè со себе, a и со други луѓе на еден трансцедентален начин. Се надевам дека во овој живот ќе најдам време и за продукција за музика, wish me luck.

 

 

За крај, што би ни кажалa за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?

Во Brainster ми се смени стравот и анксиозноста околу животен век поминат „потчинет во систем“ или да го викаме full time вработен, кој за 260 работни денови во годината „те наградува“ со заслужени 20 дена годишен одмор. 

Во Brainster, денови за одмор може да се земат кој колку се чувствува потреба дека му требаат и кога му требаат, и мислам дека е многу важен сегмент и начин како компанија на своите вработени да им каже со дело не со зборови – we care for you and your mental health. 

 

Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.

Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.

Како до 1.000.000€? 🤫