Моето Brainster искуство – Зорица Стаменковска

Запознај ја Зорица Стаменковска – студент на нашата Академија за Project & Product Management, која реши да го прошири своето знаење и да стекне практични вештини во областа на проектен и продукт менаџмент.
Студент: Зорица Стаменковска
Академија: Академија за Project & Product менаџмент
Професија: Економист
Од првиот час на Академијата паметам: Измешани чувства на збунетост и возбуда за она што ни претстои.
Се решив да ја искористам есенва продуктивно за: Да го проширам знаењето, како и да стекнам практични вештини кои би додале дополнителна вредност на она што го знам веќе.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Е поврзана во одреден дел со мојата работа, а од друга страна, отвара нови хоризонти кон нешто сосема поинакво.
Со нетрпение чекам да започнат часовите: Каде ќе се споделуваат практични примери, научени лекции и „грешки“ од долгогодишното искуство на инструкторите. Освен тоа, во групата владее добро расположение и синергија што носи добри чувства.
После предавањата секогаш: Рефлектирам во однос на наученото и мојот инпут.
Пред да се запишам, најмногу ме „плашеше“: Динамиката и балансот со останатите обврски.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да не престанам со учење и да бидам љубопитна.
Оваа област за мене значи: Излегување од мојата сигурна зона и ново поле кое треба да се осознае.
Во слободно време: Сакам да патувам и истражувам нови дестинации за патување. Да ги запознавам луѓето кои ме опкружуваат подобро и да гледам серии.
Сакам да читам: Приказни за луѓето, за комплексноста на меѓучовечките односи, социјална психологија и трилери.
Сакам да гледам: Серии со комплексни карактери.
Омилен цитат: „Во животот не е важно она што ви се случува, туку она на што се сеќавате и начинот на кој се сеќавате на тоа.“
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек!
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!