Најмногу ме мотивираат успешните приказни на нашите студенти

Главната мисија на Brainster е да ги подготви индивидуалците за кариера од 21 век преку совладување на дигитални и други вештини на иднината, со цел тие да останат релевантни во новиот технолошки свет.
Секој вработен во Brainster e целосно посветен на оваа мисија и прави сѐ за на студентите да им помогне да дојдат до просперитетна кариера преку едукација.
Во оваа блог објава од серијалот We are Brainster, ќе го запознаете Александар Ѓурчевски – координатор во Co-innovation & Hiring тимот на Brainster.
Како личност која сака да патува и да истражува нови места, тој ни сподели дека флексибилноста на работното време и работата од било кое место, е една од најдобрите придобивки кои ги нуди Brainster како организација.
Дополнително, тој е алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг, кој по комплетирањето на програмата се придружи на нашиот тим.
Дознајте што тој имаше да ни сподели околу тоа како му поминува работниот ден, што го прави исполнет и што го мотивира, но и како Brainster му помага да се оствари на сите полиња.
Здраво Александар, можеш ли да ни споделиш повеќе детали за твојата работна позиција, по што е истата специфична?
Здраво! Јас сум дел од тимот за Ко-иновации и вработување, тим кој е „виновник” за секој реален проект на Brainster Академиите и вработувањата на студентите. Можам да кажам дека позицијата е доста динамична и составена од повеќе вештини, како што се: менаџирање, организирање, маркетинг, креативност и многу други. Но, едно е можеби клучно за оваа позиција, да уживаш да помагаш на луѓето кои сакаат да ја сменат својата кариера.
Како изгледа еден типичен ден во животот на координатор во Co-innovation & Hiring?
Најкраток опис: брз, интересен и динамичен ден. Започнувањето на денот секогаш е прво со кафе, па потоа почнуваме со тасковите и дневните состаноци. Почетокот на денот скоро секогаш е со low интезивност. Вклучува: проверка на проектите за сите Академии, прегледување на испратените препораки и потребата за нови. Потоа, започнуваме со комуникација со нови и тековни партнер компании за организирање на проекти или испраќање на препораки. Тимски состаноци, но и состаноци со нови компании.
Што правиш во слободно време, дали имаш некое хоби и кои се твоите интереси?
Слободното време секогаш сакам да го искористам со сопругата и прошетка со кучето, тоа ме исполнува најмногу, а воедно релаксира и полни со енергија. Како хоби, можам да издвојам gaming и секако уживање со некој добар филм. Некогаш знам и да се заборавам со гледање на турнири за gaming, особено CS GO. За некој тоа е досадно, но јас не го гледам тоа само како некој пука, трча итн. Интересното во тоа е како еден тим креира стратегии, како пристапува кон играта кога губи со голема разлика и како прави “comeback“ за на крајот да биде победник.
Од твоја перспектива, колку придобивките кои ги нуди Brainster ти помагаат во балансирање на приватниот и професионалниот живот?
Постојат многу придобивки кои ми помагаат за баланс на приватниот и професионалниот живот, но ако треба да издвојам тоа се: флексибилноста и можноста за работа од било кое место. Со овие придобивки, можам да го организирам денот како најмногу ми одговара и сите обврски да бидат завршени навреме. Исто така, додека работам да патувам и уживам во убавините на некој друг град или пак покрај плажа.
За крај, што би ни кажал за Brainster како компанија и начинот на кој ти дава поддршка?
За ова има многу да се раскажува, но ќе пробам да бидам краток. Можам да кажам дека во Brainster се чувствуваме како една фамилија и сите сме тука да се надополниме. Слободата која ја нуди компанијата е нешто што ти дава простор и сигурност дека можеш да споделуваш идеи и нема никој да ти каже НЕ на тоа, туку напротив да се разгледа што може да се направи. Потоа инвестирањето во учење, развој на секој поединец и неговите јаки страни. Има уште многу поволности, но овие придобивки се доволни за да се види за каков тим станува збор.
Brainster е во постојана потрага по нови колеги кои ќе ни се придружат во нашето never-ending journey, за да продолжиме да градиме заедница посветена на најдобрите производи, услуги и искуства на нашите студенти.
Ако сметаш дека ова е вистинското место за тебе, провери ги отворените позиции во нашата организација ТУКА.