Запознај ја Ленче Симјаноска – студент на Академијата за Човечки Ресурси, која сака да се надгради со нови знаења и идеи кои ќе може да ги применува во својата работа.

 

Студент: Ленче Симјаноска

Академија: Академија за Човечки Ресурси

Професија: Економист

Од првиот час на Академијата ја паметам: Многу позитивни луѓе и супер инструктори.

Се решив да ја искористам есенва продуктивно и да научам: Нешто ново и корисно.

Ја одбрав оваа област бидејќи: Сакам да направам секој вработен да се чувствува убаво, а секој работодавец задоволно.

Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Да се надградам со нови знаења и идеи што ќе можам да ги применам во иднина.

После предавањата секогаш: Ги преработувам белешките.

Пред да се запишам, најмногу „ме плашеше“: Не се плашев, чувствував предизвик.

Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Дека ќе имам можност да напредувам, да го покажам и применам моето знаење. како и да направам секој да има идеално место за работа, да се чувствува среќно и задоволно.

Оваа област за мене значи: Поле на многу идеи и предизвици, книга којашто нема крај. Бесконечно учење, комуникација и работа со многу луѓе. Трпение и разбирање.

Во слободно време: Плетам, се дружам со семејството, патувам, готвам.

Сакам да читам: Литература за деца, за возрасни, лектири, психологија, стручни книги.

Сакам да гледам: Филмови, детски анимирани филмови, кулинарско шоу, документарци…

Омилен цитат: „Стравот е страшен само за оние што му се плашат.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!