Најубаво се учи преку работа на реални проекти и хакатони | Brainster

Најубаво се учи преку работа на реални проекти и хакатони

Запознај ја Теодора Анастасовска – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг која реши да ги надгради своите знаења и вештини.

По комплетирањето на програмата, Теодора започна да ја гради својата кариера како дигитален маркетер на практикантска позиција во маркетинг агенцијата Division.

 

Си поразговаравме со Теодора за нејзиното кариерно патување

 
Здраво Теодора! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделила за останатите?

Здраво јас сум Теодора, алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг. Исто така, имам дипломирано на Правен факултет, а сега веќе сум и завршна година на мастер студии по деловно право. Сакам добра музика и филмови. Имам златен ретривер и сум голем љубител на кучиња. Предизвик ми е да испробувам нови нешта. Завршив и академија за шминкање, а другите велат дека сум одлична во кулинарство.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Како што кажав, предизвик ми е да се обидам и да успеам во креативни и нови дејности, а дигиталниот маркетинг е област која овозможува различни активности.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Иако ја посетував наставата онлајн поради падемијата, за мене тоа беше неверојатно искуство. Имавме одлични инструктори кои ми ја зголемија љубовта кон дигиталниот маркетинг. Претходно имав само читано, а сега предавањата ми отворија нови прозорци за можностите кои дигиталниот маркетинг ги нуди.

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Бев редовен слушател и не пропуштив ниту едно предавање. Најмногу се радував на практичните задачи и хакатоните кои помогнаа многу во градењето на моето знаење. Најголем предизвик е секако завршниот проект. Ги вложив максимално моите напори, а голема сатисфакција ми беа позитивните коментари од менторите и од клиентот.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Сите модули ми беа интресни. Навлегував во дигиталниот маркетинг и ме возбудуваше секое скриено катче. Ќе издвојам два најомилени модули, а тоа се: Content Marketing кај Дарјан Раденовиќ и Ива Дујак, како и Social Media Advertising кај Марко Ивановски. На крај, би кажала дека сите предавачи се супер интересни и умеат да го пренесат своето знаење.

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како практикант во компанијата Divison. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Разгледувајќи различни компании за дигитален маркетинг, особено ме заинтересира работата на Division. Ги исконтактирав и тие ме повикаа на интервју. Препораката на Brainster имаше големо влијание да бидам избрана за практикант во оваа компанија.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Секако, кога влегувате во нова компанија првите денови поминуваат во запознавање со колегите и нивната работа. Учите од оние со поголемо искуство и го имплементирате знаењето од Академијата на Brainster. Сега веќе работам на конкретни задачи за рекламирање на социјалните медиуми. Не можам, а да не кажам дека тимот во Division е супер. Пријателски се расположени кон мене и се чувствувам како дел од нивниот тим.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Би им кажала, кога нешто сакаат – целата планета ќе се здружи да успеат во нивната цел. Да бидат храбри и упорни, како и да не се плашат од големите предизвици. А со тимот на Brainster тоа е многу полесно.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!