Комуницирајте со колегите, можеби ќе научите нешто ново

Горјан Поповски е инструктор на нашата Академија за Data Science кој го предава модулот „Machine Learning“, а воедно и Data Scientist во Enetra & Fareboom.
Тој ни раскажа дека, во денешно време, не постои професија којашто нема бенефит од концептите на машинското учење.
Во продолжение, Горјан ни откри што се учи на модулот кој тој го предава, како и совети за успешно совладување на истиот
1. Здраво Горјан! Ние на Академијата за Data Science те познаваме, но што би споделил за идните студенти? Кој е Горјан?
Едноставно би се опишал како professional geek! Веќе 5+ години сум во полето на Data Science, а генерално се занимавам со програмирање и computer science скоро 12 години. Во суштина, сé што е теоретски и практичен предизвик ми е во интерес, а тоа ми е и главната мотивација. Полето е особено интересно за истражување бидејќи единствената бариера за влез е трудот и времето што го посветуваме! Но, да не заборавиме да имаме и баланс во животот, па морам тука да признаам дека сум „потрошил“ и повеќе од „здрава“ количина време задлабочен во белетристика или на планина.
2. Што ќе имаат можност да научат студентите на модулот кој го предаваш?
Со мене студентите се запознаваат на модулот машинско учење. Тие ќе имаат можност да научат што е машинското учење, основните концепти, понатака напредните концепти, практиките во полето, како и теоретската основа за разбирање и примена на алгоритмите. Овај модул е основата за сите покомплексни алгоритми.
3. Ти си главниот виновник за искуството и успехот на студентите на Академијата, па кој е твојот совет до сите сегашни и идни студенти за полесно совладување на материјалот?
Редовна практична работа, отворена комуникација, и најважно желба за оваа наука.
4. И за крај, неколку Tips & Tricks до студентите?
- Првиот чекор кон учење нешто ново е да разбереме што не знаеме – не се плашете да кажете „Не знам (сé уште)“.
- Редовноста е најважна! Ако не можете да дадете денес 100% – 50% е подобро од ништо!
- Комуницирајте со врсниците, можеби ќе научите нешто ново, или ќе добиете нова перспектива за нешто што веќе го знаете.
- Дадете си предизвик! Секоја нова работа е тешка кога прв пат ја започнуваме.
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за Data Science работиме на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!