Запознај ја Ева Ристова – студент на Академијата за UX/UI дизајн, а воедно и Dream Team студент за месец септември 2022.

Нејзината голема посветност и максимално вложениот труд, резултираа таа да ја започне својата кариера како UX/UI дизајнер во компанијата Navis, неколку месеци по стартот на Академијата.

 

Дознајте повеќе што ни раскажа Ева за нејзиното кариерно патување

 
Здраво Ева! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за UX/UI дизајн те познаваме, но што би споделила за останатите?

Ви благодарам на честитките! Јас сум Ева, личност која сака предизвици и имаше желба да работи како дизајнер во област каде се нудат можности за постојан развој. Исто така, шанса каде ќе можам да го докажам својот потенцијал. 

 

Зошто баш UX/UI дизајн?

Кога го направив кариерниот квиз на Brainster со цел да дознаам која кариера е вистинската за мене, добив 3 резултати: UX/UI дизајн, програмирање и графички дизајн. UX/UI дизајнот беше нешто ново за мене, а со останатите две бев веќе запознаена. Кога прочитав дека процесот на работа вклучува: психологија, креативност, логика, стратегија и истражување, си реков – ова е тоа. Знаев дека никогаш нема да ми биде здодевно во професија која претставува збир на повеќе дисциплини.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Иако сме online што беше најголема болка за мене, искуството е феноменално. Сакав да најдам образование кое ќе ми помогне и насочи што да правам следно. Сакав добра организација, луѓе на кои можеш да им веруваш, кои се отворени и не чувствуваш непријатност да ги прашаш нешто. Тоа и го добив. Проследено со предизвици, реални проекти, работа во групи и дружење надвор од Академијата. Наскоро следува и хакатон на кој многу му се радуваме. Накратко, можам да кажам дека ги надмина моите очекувања бидејќи не верував дека ќе постигнам големи резултати толку брзо во и надвор од Академијата.

 

Какво е твоето искуство како студент? Кој е најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Академијата нуди можност да се развиеш и да ги откриеш оние поттиснати особини кои се плашиш да ги покажеш бидејќи не си сигурен дали ќе бидат успешни. Тоа ми се случи мене. Дознав дека имам многу вештини кои можам да ги искористам и на крај да добијам позитивен резултат. На почетокот, се плашев дека нема да можам да се снајдам бидејќи сметав дека сум интровертна личност, но се докажа сосема спротивното, што сум многу изненадена. Бев упорна и верував во себеси дека можам да бидам отворена, забавна и комуникативна личност и тоа се случи. Помошта и советите на менторите заедно со останатите студенти помогнаа многу во тоа.

Вториот најголем предизвик беше работата во групи. До тој момент не знаеш како да се справиш со распоред, различен начин на работа, карактери, размислување и самиот предизвик те мотивира да пронајдеш начин како да соработувате за да добиете прекрасен резултат. За тоа морам да си дадам kudos до мојот генијален Тим 1 (Мартин, Тијана и Кристина) со кои имавме неверојатна групна работа особено на првиот реален проект. Станавме вистински team players.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Кога бев избрана за студент на месецот септември 2022, кажав Дизајн и UI, и сѐ уште стојам на тоа, ама не можам да речам дека другите модули не беа интересни. Беше премногу забавно тоа што секој модул е различна тематика, учиш нови работи, имаш нови предизвици и се среќаваш со различни ментори, со различен начин на работа и комуникација.

 

За само неколку месеци од стартот на Академијата за UX/UI дизајн започна да ја градиш својата кариера како UX Designer во компанијата Navis. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Започнав да работам и сѐ уште сум под импресии. Скокам од среќа дека толку брзо ми се остваруваат соништата. Се посветив максимално да научам што можам повеќе, да покажам резултати и да ги изработувам сите задачи со голем труд. Така дојдов до интервју во Navis, каде мојот труд го покажав на дело. Иако сѐ уште сум студент на Академијата, се чувствував подготвена да започнам со работа.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад UX/UI дизајнер? Кои би биле твоите задачи и технологии/алатки кои би ги користела?

Учествувам во целиот процес, присутна сум на сѐ што се случува. Моите цели се да ја надградувам платформата која ја изработуваме за да биде лесна за користење и да ги исполни очекуваните цели на корисникот во најмало времетраење. Ги користиме истите алатки кои ги учевме на Академијата: Figma и Miro. Бев премногу радосна кога видов дека начинот на кој работиме со Златан во модулот Storytelling е истиот принцип и на работното место. Бев подготвена и таа симулација многу ми помогна брзо да се адаптирам.

 

И за крај, што би им препорачала на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?

Никогаш не е доцна за да си ги остварите желбите и да најдете нешто што ве исполнува. Можностите се огромни во оваа професија и најважното е што ќе се развивате како личност постојано. Можеби некој од нас еден ден ќе создаде продукт кој ќе промени сѐ во светот. Верувајте во себеси. 🙂

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!