Запознај ја Милка Пауновска – студент на нашата Академија за Project & Product Management, која реши оваа есен да го надгради своето знаење во областа на проектен и продукт менаџмент.
Студент: Милка Пауновска
Академија: Академија за Project & Product менаџмент
Професија: Економски факултет, насока Менаџмент
Од првиот час на Академијата ја паметам: Маријана со нејзината најава дека ќе направиме супер дружба каде ќе ги продлабочиме знаењеата во насока на проектен и продукт менаџмент.
Се решив да ја искористам есенва продуктивно и да научам: Повеќе за ново-применетите методологии кои се употребуваат во сите сфери на денешницата, односно во компаниите кои сакаат да држат тек со сите новитети кои се осознаваат.
Ја одбрав оваа област бидејќи: Сакам да го надградам знаењето кое веќе го имам во насока на проектите и нивната примена во секојдневниот живот.
Со нетрпение чекам да започнат часовите за: Апликативност на проектите и продуктите, како и сами да учествуваме во нивното изготвување и спроведување.
После предавањата секогаш: Си давам време да ми легне знаењето кое ни е пренесено од инструкторите и колегите на Академијата.
Пред да се запишам, најмногу ме „плашеше“: Дали ќе имам време да постигнам се со учење, обработка на материјалите и приватните обврски.
Како иден професионалец во оваа сфера очекувам: Да се пронајдам, односно да дознаам што точно би ми одговарало, дали повеќе проект или продукт менаџмент.
Оваа област за мене значи: Ново искуство со секојдневни предизвици бидејќи учиме нови работи секојдневно.
Во слободно време: Пробувам да издвојам време за да можам да пронајдам повеќе материјали за читање, со цел подобро разбирање на самиот материјал.
Сакам да читам: Инспиративни мисли и сликовници на детето.
Сакам да гледам: Серии и документарци на Investigation Discovery.
Омилен цитат: “To be or not to be!“
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек!
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!