Пролетта ни носи нови почетоци! 🌱

Никогаш не е доцна за ново поглавје во професионалниот живот, затоа не е изненадувачки фактот што многу луѓе ја преиспитуваат својата иднина како резултат на промените кои се случуваат во светот и технологијата.

Овој месец, одбележавме 2 години од почетокот на пандемијата и промените кои ги донесе со себе. Попатно, сфативме дека технолошката индустрија е онаа којашто се покажа како најсигурна со светла иднина.

Spoiler alert: Опсесивната грижа кон нашите студенти резултираше со 20 вработувања и пракси изминатиов месец.

Па така, новостите од месец март се однесуваат на: добитниците на ваучери, работата на 48 часовни хакатони, подобрувањето на искуството на нашите студенти и вработувањата со кои беше награден нивниот труд!

 

 

  • Ги прогласивме добитниците на Brainster Ваучер кои постигнаа најдобри резултати

Потрагата на Brainster по супер таленти во кои вреди да се инвестира и кои со своето знаење можат да го променат светот, официјално заврши успешно! Нашата цел беше да ги пронајдеме оние кои беа доволно мотивирани за успешно да се соочат со предизвикот и да зачекорат во ИТ или дигиталната индустрија, и на истите да им пружиме поддршка уште од самиот почеток. Дознај повеќе!

 

 

  • Студентите од Академијата за UX/UI дизајн изработија E-shop

Со цел да го подобриме искуството на студентите од Академијата за UX/UI дизајн, организиравме 48 часовен Хакатон, на кој студентите имаа можност да работат на реален проект за реален клиент и да ги искористат сите стекнати знаења и вештини од предавањата. Студентите работеа напорно на овој проект и успешно се справија со предизвиците и роковите, а нивната задача беше да изработат website со online shop кој е лесен за одржување и апдејтирање од страна на клиентот, а возбудлив, корисен и едноставен за користење за клиентите за модниот бренд ZANOV. Дознај повеќе!

 

 

  • Веб решение и UX/UI дизајн за Специјална Олимпијада на Македонија

Бидејќи реалните проекти и Хакатоните се задолжителен дел од програмата на секоја Brainster Академија, со цел да го подобриме искуството на студентите, организиравме проект којшто претставува Cross-Academy соработка. Поконкретно, проектот започна на Академијата за UX/UI дизајн, каде што студентите беа задолжени да ја направат веб-страницата како и целосниот UX/UI дизајн за клиентот Специјална Олимпијада Македонија. Откако се одбра победничкото решение, проектот продолжи на 48 часовен Хакатон на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање каде задача на студентите беше да изработат функционално веб решение. Дознај повеќе!

 

 

  • Нов предизвик за студентите софтвер тестери

На овој Хакатон учествуваа вкупно 38 учесници кои беа поделени во 19 парови. Паровите беа мешовито составени од две различни групи на Академијата за Software Testing. Проектот којшто се работеше на овој Хакатон е BRAINSTERPRENEURS – интерна платформа за соработка помеѓу студентите на Академиите и поттикнување на претприемачкиот дух помеѓу нив. Дознај повеќе!

 

 

  • Придобивки од користење на прогресивни веб апликации

„Модерните веб апликации може да се изградат на многу начини. Се чини дека секоја година излегуваат сѐ повеќе начини на креирање на веб апликации преку различни фрејмворци, библиотеки, користејќи различни концепти и техники.“  – Огнен Бендевски е инструктор на Академијата за Front-End програмирање, кој ни го сподели своето размислување на тема продобивки од користење на прогресивни веб апликации. Дознај повеќе!

 

 

  • 5 причини зошто корисничкото искуство е од суштинско значење за SEO

Деновите, кога рангирањето на страните на Google можеше да се подобри само преку повратни линкови и клучни зборови се веќе далеку зад нас. Како што минува времето, пребарувачите стануваат сé попаметни и го префрлаат својот фокус кон корисничкото искуство. Зад ова се крие едноставно објаснување: добриот UX дизајн го подобрува сообраќајот на веб-страницата, ангажираноста и на крајот, рангирањето. Дознај повеќе!

 

 

  • 4 психолошки трикови што секој UX дизајнер треба да ги знае

Верувале или не, UX дизајнот и психологијата имаат долгорочна врска! Луѓето сакаат да ги исполнат психолошките потреби пред било која друга основна потреба. Мотивацијата за исполнување на другите потреби доаѓа веднаш по исполнувањето на психолошките потреби. Во однос на UX, за да функционира UX дизајнот, тој мора да ја задоволи примарната потреба за работна функционалност. Треба да обезбеди сигурно и доследно искуство за да ги мотивира корисниците да продолжат да го користат производот или услугата. Дознај повеќе!

 

 

  • Доживеј ја Академијата преку искуството на нашите студенти

Го создадовме блог серијалот „Студентите зборуваат за искуството“ за да ви ги претставиме приказните на нашите студенти и како тие си поминуваат на предавањата. Дознајте повеќе што тие ни раскажаа!

 

 

  • Запознај ја новата инструкторка на Академијата за UX/UI Дизајн

Сара Симоновска е новиот инструктор на нашата Академија за UX/UI дизајн. Таа е UX researcher со повеќе од 5 години работно искуство. Моментално живее во Toulouse – Франција и работи како UX researcher & Facilitator во компанијата ActiveViam. Дознај повеќе! 

 

 

  • Запознајте се со програмата

Го создадовме блог серијалот „Запознајте ги модулите“ за да ви ги претставиме модулите кои се изучуваат во склоп на нашите академии. Дознајте повеќе за наставната програма!

 

 

  • 5 причини зошто да почнеш да градиш кариера во некоја од најбараните професии

 

 


  • Ги издвоивме 7-те книги што треба да ги прочита секој кој сака да ги надгради своите вештини и знаења

Живееме во време кога литературата ни е лесно достапна и многу материјали ни стојат на располагање. А, еден од најефикасните начини за учење и развој на потребните вештини за унапредување на кариерата е да се биде во тек со последните трендови во индустријата и постојано информирање. Во продолжение, 7те книги што треба да ги прочита секој:

 

 

  • Нови успешни приказни

Ги раскажавме приказните на: Даниела, Вилијам, Елисавета, Алма, Кристијан кои по завршувањето на нашите програми ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!

 

 

  • Го прогласивме Dream Team-от за претходниот месец

Dream Team е тим на студенти кои покажале особен успех на Академиите во Brainster. Тоа се студенти коишто го освоиле месецот! За да се биде дел од Dream Team-от, еден Brainster студент треба целосно да се посвети, да биде активен на предавањата и уредно да ги завршува зададените задачи од страна на менторите.



До следниот месец!

Тимот на Brainster ❤️