Креирањето на наставната програма на Академијата за Software Testing, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Manual Testing, каде се учи зошто е потребно да постои тестирање на софтвер, кои се основните принципи и повеќе за процесот на тестирање, што треба да ги совлада секој кој сака да стане софтвер тестер.

Биљана Велинова е нашиот инструктор на Академијата за Software Testing, којa го предава модулот Manual Testing и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Manual Testing:

 

Што се изучува на модулот Manual Testing?

На овој модул, студентите ќе се запознаат со тоа што претставува Software Testing, зошто е потребно да постои тестирањето на софтвер, кои се основните принципи и кој е процесот на тестирање. Понатаму, се изучува дизајн на test cases и различните техники и пристапи на дизајнирање на test cases. Исто така, се запознаваме со различните типови на тестирање и учиме како да ги примениме истите во пракса. На крај, учиме како да креираме добро структурирани, јасни и концизни Bug/Defect reports.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Секој софтвер тестер во пракса ќе се сретне со мануелно тестирање. Неизбежно во професијата е да знаеме зошто постои тестирање и што претставува, како и да знаеме да напишеме добри и детални test cases, да ги извршиме истите и врз основа на резултатот од извршувањето да пријавиме багови.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Техники за одредување на условите кои би ги испитале за дадена функционалност. Пишување на test cases врз основа на избраните услови. Извршување на тестовите. Пријавување на багови.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Секој junior software tester мора да го совлада мануелниот дел на тестирањето. За да се биде добар тестер мора, пред сѐ, да се знае што треба да се тестира, како да се структурираат тестовите и како да се пристапи кон извршување на истите. Секако, секој тестер мора да знае да напише bug report. Со успешно совладување на овој модул, студентите се подготвени да започнат со пракса или на џуниорска позиција како софтвер тестери.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот?

По успешно совладување на техниките за дизајнирање на тестови, на студентите им е даден проектот Каргодом, што е предвидено да го тестираат во склоп на овој модул. Најпрво, се пишуваат test cases за дел од функционалностите во алатката Kiwi. Понатаму, се извршуваат тие test cases и се споредува очекуваниот со набљудуваниот резултат од тестирањето.

После функционалното тестирање со следење на test cases, на студентите им се дава задача да направат Exploratory Testing со користење на Test Charters на друг сет функционалности. Во овој дел, студентите прават и cross browser и cross platform testing, со користење на различни уреди (мобилни уреди, таблети, лаптоп…) или со користење на алатки (Sauce labs, Lambda test, BrowserStack…). На крајот, студентите пишуваат bug reports во Redmine за пронајдените дефекти во текот на тестирањето. 

 

Што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

По завршувањето на модулот, студентите се подготвени самостојно да анализираат спецификација/user story и со користење на различните техники да изготват test cases, да ги извршат и да пријават дефекти.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Related Stories For You