Како последица на брзиот развој на технологијата во светот се појавија голем број на податоци кои треба да се анализираат и процесираат, а се од значителна корист за компаниите.

Живееме во време кога литературата ни е лесно достапна и многу материјали ни стојат на располагање. А, еден од најефикасните начини за учење и развој на потребните вештини за унапредување на кариерата е да се биде во тек со последните трендови во индустријата и постојано информирање.

Без разлика дали си ентузијаст кој има страст кон data science или си експерт којшто сака да го прошири своето знаење, постојат многу книги кои можеш да ги прочиташ, а се во рамките на твојот интерес.

 

Во продолжение, издвоивме 7 книги кои треба да ги прочита секој data science ентузијаст:

 

 

Applied Microsoft Power BI: Bring your data to life!

Оваа книга опфаќа создавање на интерактивни извештаи и контролни табли, интегрирање и транформирање на податоците и имплементирање на софистицирани модели за самопослужување за описна и предвидлива аналитика, како и многу други техники коишто треба да ги знае секој чија пасија е data science. Дизајниран е како водич кој е лесен за следење, исполнет со инструкции и практични демо совети кои ќе те водат чекор по чекор низ целиот процес.

 

 

The Definitive Guide to DAX

Вклучувајќи ги современите најдобри практики, ова е најкомплетниот водич за јазикот DAX на Microsoft за business intelligence, моделирање податоци и аналитика. Експертските консултанти на Microsoft BI, ќе ти помогнат да совладаш сè од функциите на табелата преку напредна оптимизација на кодот и моделот. 

 

 

The Elements of Statistical Learning: Data Mining, Inference, and Prediction

Оваа книга ги опишува главните важни идеи во различни области како што се: медицината, биологијата, финансиите и маркетингот во заедничка концептуална рамка. Додека пристапот е статистички, акцентот е ставен на концептите наместо на математиката. Дадени се многу примери, а дел од темите кои се разработени вклучуваат: невронски мрежи, векторски машини за поддршка, стебла за класификација и зајакнување.

 

 

Practical Statistics for Data Scientists: 50 Essential Concepts

Статистичките методи се клучен дел од data science, но сепак многу малку data scientists имаат формална обука за статистика. Курсевите и книгите за основна статистика ретко ја покриваат темата од перспектива на data science. Овој практичен водич ќе ти објасни како да ги примениш различните статистички методи во data science, како да ја избегнеш нивната злоупотреба и ќе ти даде корисни совети за тоа што е важно, а што не.

 

 

Hands-On Machine Learning with Scikit-Learn and TensorFlow: Concepts, Tools, and Techniques to Build Intelligent Systems

Оваа практична книга ќе ти покаже како да користиш едноставни, ефикасни алатки за да имплементираш програми способни да учат од податоците. Со користење на конкретни примери, минимална теорија и две рамки на Python, Scikit-Learn и TensorFlow – авторот ќе ти помогне да стекнеш интуитивно разбирање за концептите и алатките за градење интелигентни системи. Ќе научиш низа техники, почнувајќи со едноставна линеарна регресија и напредувајќи до длабоки невронски мрежи, а преку вежби во секое поглавје ќе успееш да го примениш стекнатото знаење.

 

 

The Hundred-Page Machine Learning Book

Сè што навистина треба да знаеш за машинското учење испишано на 100 страници. На само 100 страници, авторот успева да опфати неверојатна ширина на голем број од темите. Во практиката, често се случува кратките книги да не навлегуваат детално во важни математички равенки, но тоа не е случај и со оваа книга. Совршена е за почетници коишто допрва навлегуваат во светот на машинското учење.

 

 

Deep Learning for Coders with Fastai and PyTorch: AI Applications Without a PhD

„Deep learning“ често се смета за ексклузивен домен на докторатите по математика и големите технолошки компании. Но, како што покажува овој практичен водич, програмерите коишто го владеат Python можат да постигнат импресивни резултати во deep learning со мала математичка позадина, мали количини на податоци и минимален код. Како? Со fastai – првата библиотека која обезбедува конзистентен интерфејс за најчесто користените апликации за длабоко учење.

 

Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!