Креирањето на наставната програма на Академијата за Full-Stack програмирање, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – JavaScript, каде се учат основите за креирање на веб решенија, што треба да ги совлада секој кој сака да стане full-stack програмер.

Никола Кусибојоски е нашиот инструктор на Академијата за Full-Stack програмирање, кој го предава модулот JavaScript и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за JavaScript:

 

Што се изучува на модулот JavaScript?

JavaScript from scratch:

  • Manipulation of HTML DOM structure;
  • OOP in JavaScript;
  • Objects;
  • Promises;
  • JQuery.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

JavaScript е неизоставен дел од изработка на секоја модерна веб апликација. При изработка на веб решенија JavaScript има огромна улога и затоа е задолжително секој веб девелопер да има познавања од JavaScript.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Со изучување на JavaScript ви се отвора можност да изработувате целосни веб решенија. Доколку веќе знаете HTML, CSS, изучувајќи го JavaScript сте завршиле целосно со сите технологии кои се потребни за еден Front-End програмер и сте спремни да изработувате најразлични web templates, websites, single-page applications. Можностите се бесконечни.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

JavaScript е можеби најпопуларниот програмски јазик на денешницата. Изучувајќи го JavaScript ви се отвора можност да се надоградите и да изучите некој JavaScript framework (React.js, Angular, Vue.js, Next.js) или пак да се испробате како back-end програмер, Node.Js. JavaScript нуди огромни можности не само кога се во прашање веб апликациите, туку и мобилните апликации и изработката на игри.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

По завршување на модулот за JavaScript, студентите ќе знаат да креираат целосни веб апликации користејќи готови веб сервиси.

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!