Запознајте го Кристијан Исајлоски – наш студент од Академијата за Full-Stack програмирање, кој со својата амбиција и голема посветеност ја лансираше својата кариера во ИТ светот. 

Кристијан е новиот Web Developer во компанијата Scandiweb, каде што ќе продолжи да ги надградува своите знаења и вештини.

 

Си поразговаравме со Кристијан за неговото работно место и искуството на Академијата

 

Здраво Кристијан! Пред сѐ, честитки за новото работно место! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите? Кој е Кристијан?

Jaс сум Кристијан Исајлоски, студент од Академијата за Full-Stack програмирање и студент на ФИНКИ. За себе можам да кажам дека сум личност која се посветува на предизвиците и напредува со решавање на проблемите.

 

Зошто баш Full-Stack програмирање? На што се должеше твојата одлука да ја одбереш оваа професија?

Отсекогаш ме инспирирало решавањето на проблеми и пронаоѓање решенија за тие проблеми, земајќи предвид дека моите омилени предмети се математика и информатика. Таа една од најглавните причини зошто се запишав на ФИНКИ и на Brainster Full-Stack Академијата.

 

Сподели ни нешто повеќе за твоето искуство како студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Дали ги исполни твоите очекувања и ти помогна да ја направиш посакуваната кариерна трансформација?

Со запишување нa Академијата за Full-Stack програмирање сакав да ги надградам своите вештини и да се насочам кон одредена гранка од програмирањето. Академијата исполни многу повеќе од моите очекувања, а воедно и ми помогна да ги надградам моите програмерски вештини.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто? Исто така, кој беше најголемиот предизвик со којшто се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Како најинтересни модули би ги одвоил: PHP, MySQL. Структурирањето на базите на податоци е од доста големо значење, практично структурирањето и менаџирањето со нив е главната компонента на веб програмирањето. Со PHP модулот успеав да ги унапредам OOP принципите што се клучен фактор за добро структуриран и одржлив код, како и design patterns.

 

Твојата кариера како Web Developer ја започна во компанијата Scandiweb. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?

Првиот чекор беше испраќање на CV на огласот. Потоа, компанијата ме контактираше и ми даде проект кој требаше да го направам и насоки кои требаше да бидат исполнети. Последниот чекор беше интервју со HR, а потоа и техничко интервју на кое добив прашања и задача. После една недела бев известен дека сум примен на работното место.

 

Раскажи ни повеќе за твоето ново работно место, која е областа на работа на оваа компанија? 

Scandiweb е компанија со седиште во Латвија основана во 2003 година. Таа е #1 eCommerce компанија. Одржува сајтови на доста познати брендови како што се: Ford, Hyundai, Mitsubishi, BMW, Jaguar, HappySocks итн. 

 

Како изгледа еден твој работен ден? Можеш ли да ни откриеш на што работиш и кои технологии ги користиш?

Во Scandiweb се користи Magento eCommerce платформата, базирана на PHP и frameworks како Lamias и Symphony. Практично, мојот ден започнува со проверување на мејл и бидејќи сум нов, во првите денови се запознавам со Magento платформата и нејзината архитектура, како и запознавање со протоколите и правилата кои ги има фирмата.

 

Кој е твојот совет за сите оние коишто сакаат да ја направат својата кариерна трансформација во оваа професија?

Без разлика дали имаат претходно искуство со програмирање доколку имаат амбиција и сакаат да научат како функционираат веб-страниците и да бараат солуција за различни проблеми со кои ќе се соочат препорачувам да се запишат на оваа Академија. Последен мој совет е да се соочат со предизвиците и проблемите со труд и трпение, затоа што континуираното решавање на проблемите се главниот и единствен фактор што го прави програмирањето доста интересно.

 

И за крај, кои се твоите планови за во иднина?

Континуирано надградување на своите вештини. Најпрво, задржување на работното место, а потоа и надградување од Junior во Senior Web Developer.

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!