4 психолошки трикови што секој UX дизајнер треба да ги знае

Која е поврзаноста помеѓу психологијата и UX дизајнот? Дали е ова првата мисла што ти падна на ум кога го прочита насловот? Ако е така, верувај – поврзаноста е поголема отколку што можеш да си замислиш!

 

Како се поврзани UX дизајнот и психологијата?

Верувале или не, UX дизајнот и психологијата имаат долгорочна врска!

Луѓето сакаат да ги исполнат психолошките потреби пред било која друга основна потреба. Мотивацијата за исполнување на другите потреби доаѓа веднаш по исполнувањето на психолошките потреби.

Во однос на UX, за да функционира UX дизајнот, тој мора да ја задоволи примарната потреба за работна функционалност. Треба да обезбеди сигурно и доследно искуство за да ги мотивира корисниците да продолжат да го користат производот или услугата.

 

“A designer who doesn’t understand human psychology will be no more successful than an architect who doesn’t understand physics.“ Joe Leech, UX Consultant & Author of book Psychology of Designers

 

Во продолжение издвоивме 4 психолошки трикови кои ќе ти помогнат да станеш одличен UX дизајнер

 

1. Ако изгледа добро, тогаш мора да е и функционално

Луѓето кои немаат техничко разбирање ќе го проценат производот или услугата врз основа на првиот впечаток. Понекогаш тоа значи добра слика, симпатична анимација или омилена боја која е застапена насекаде низ веб-страницата и тоа може да биде поттик за купување на понудениот продукт. Овој феномен се нарекува ефект на естетска употребливост (Aesthetic Usability Effect).

Сепак, во овој процес има еден трик – ако производот или услугата не одговара на потребите на корисникот, тој обично го обвинува брендот за злоупотреба, кога всушност, тој самиот бил оној кој го занемарил недостатокот на трајната функционалност.

 

2. Користење на анимации со цел на корисниците да им се обезбеди чувство на сигурност

Која ти беше првата помисла кога последен пат на екранот, вчитувањето на страната беше застанато на 99%? Треба да почекам уште малку, нели? Но, ова чекање обично е подолго од очекуваното.

Она што навистина се случува е дека корисниците немаат контрола врз темпото со кое се вчитува страница. UX дизајнерите ја додаваат оваа анимација за да ги натераат корисниците да веруваат дека се случува освежување на страницата и дека ќе се вчита за брзо време. Во повеќето случаи, така само „купуваат” уште малку време за корисникот да почека да се отвори веб-страницата.

 

3. Памтење на првиот и последниот дел

Луѓето имаат тенденција да се сеќаваат само на првиот и последниот дел од серијата која штотуку ја виделе. Тоа значи дека често го занемаруваат средниот дел. Виновникот за тоа е ограничената меморија на луѓето која не може да складира голем број информации истовремено.

Дизајнерите можат да го користат овој ефект за да ги позиционираат ставките во низа за точно отповикување. Со други зборови, тие манипулираат со ефектот на сериска позиција за да создадат подобро корисничко искуство. Голем број популарни светски брендови, како Nike и Apple го применуваат овој ефект на своите веб-страници за да влијаат врз однесувањето на корисниците.

 

4. Парадокс на изборот

Колку што е поголема понудата на производи, толку повеќе време им треба на луѓето да го направат својот избор. Широкиот избор може да го блокира процесот на размислување, а може да предизвика и одлука за откажување од пребарување и наоѓање на вистинскиот избор.

Корисниците не сакаат да бидат бомбардирани со многу избори и опции. Причината е едноставна: ќе им треба повеќе време и напор за да ја анализираат секоја опција посебно, а никој не сака да губи многу време на тоа. Затоа, паметните UX дизајнери користат техники како категоризација и поедноставување на сложеноста за да им помогнат на корисниците за да го направат својот избор побрзо.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!