Во оваа блог објава, си поразговаравме со Игор Спасовски– студент на нашата Академија за Project & Product Management за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.

 

Здраво Игор, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Игор?

Јас сум Игор Спасовски од Скопје, дипломиран економист на „Е-Бизнис“ и магистер по „Корпоративни финансии и банкарство“. Ентузијаст за технологија и финансии со 8 годишна кариера во банкарската индустрија.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за Project & Product Management како студент? 

Секој од модулите и неделите на Академијата има своја специфика којашто е динамична. Најчесто времето кое го посветувам на Академијата вклучува преслушување и читање на дел од материјалите од инструкторите за престојната недела, гледање на некое дополнително видео или материјали, коишто редовно ги добиваме од инструкторите, како и работа на дел од задачата која ни е зададена за таа недела или zoom состанок со тимот за тимските задачи.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Секој модул што сме го обработиле досега е посебен предизвик кој го надополнува знаењето и ја креира големата слика за материјата. Доколку би морал да одберам од досегашните, тоа беше модулот за „Буџетирање“ и „Project scheduling“.

 

Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Доколку си некој/а со желба за менаџирање на целокупниот процес на развој на еден проект или продукт и се сметаш за тимски играч кој цели да имa широко познавање на материјата ова е вистинската Aкадемија за тебе.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш? 

Презентациите кои ги имаме за разработените случаи, тимската работа и интеракцијата со останатите колеги и инструктори.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата? 

Да размислувам на нови начини и да применувам методи со кои досега се немав сретнато. Огромен број на нови работи и искуства, како од инструкторите, така и од останатите колеги, сите со различни позадини.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

На позиција која ги исполнува моите очекувања и желба за креирање и надоградба со знаење која со сигурност ќе биде поврзана со Project & Product Management. 🙂 

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!