Креирањето на наставната програма на Академијата за UX/UI дизајн, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Initiation and Discovery, каде се учи важноста на првите чекори при започнување на еден проект и како да се спроведе квалитетно истражување кое ќе го олесни целиот негов тек.

Маја Митровиќ е нашиот инструктор на Академијата за UX/UI дизајн, којa го предава модулот Initiation and Discovery и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Initiation and Discovery:

 

Што се изучува на модулот Initiation and Discovery?

Се изучуваат првите чекори при започнувањето на нов проект, целите и визијата, типовите на квантитативни и квалитативни истражувачки методи и нивната примена на реален проект.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Квалитетно изработено истражување е цврста основа врз која понатаму може да се гради успешен проект, кој ќе ги задоволува потребите на корисниците. Колку поквалитетно и подлабоко се навлезе во првите чекори на истражувањата, толку понатаму се олеснува работата и станува сé појасна сликата за како треба да се гради целиот проект.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Сите чекори, техники и методи кои се изучуваат во овие модули, се користат понатаму во секојдневната работа на секој UX/UI дизајнер. Некогаш ќе бидат во форма на официјални истражувања побарани од самиот клиент. Но, некогаш ќе бидат и како креативна снаодливост на дизајнерот да дојде до потребните одговори кои му се круцијални за понатамошно развивање на проектот.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Моментално, професијата UX/UI дизајнер е доста барана и пазарот е во недостаток на квалитетен и едуциран кадар, така што сметам дека има доста голема перспектива за секој кој би се посветил да учи и секојдневно да се надградува.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот?

Во овие модули, најпрвин се изучува како детално да се постават основните цели и визии на проектот за тој во целост да се разбере и да се постави основата врз која понатаму ќе се гради целиот проект. Понатаму, со реални кориснинци и стејкхолдери, се изучува како да се прават: интервјуа, анкети и претпоставки – и нивно сумирање и анализирање. И исто така, се изучува концептот и преку практична работа се изработува user persona.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.