Во оваа блог објава, си поразговаравме со Маријана Коцевска – студент на нашата Академија за човечки ресурси за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Маријана, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Маријана?

Здраво! Јас сум Маријана Коцевска, мајка на две деца, дипломиран социолог и студент на Академијата за човечки ресурси на Brainster. За себе би кажала дека сум позитивна, организирана и одговорна личност која сака постојано да учи и да се надградува.

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за човечки ресурси како студент?

Еден мој регуларен ден на Академијата за човечки ресурси започнува со слушање и читање на новите материјали, изработка на проект – доколку имаме, консултации и live сесии во одредени денови од неделата.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто?

Досега сите модули беа еднакво интересни, но би го издвоила модулот „Управување со перформансите на вработените”, затоа што луѓето се највредниот ресурс на една организација и со подобрување на нивните перформанси се подобрува и организацијата. Секако, клучно за да го засакам овој модул беше инструкторката Викторија Дамчевска, која на интересен и забавен начин ни го пренесе своето огромно знаење.

 

Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера? 

HR e една од најпопуларните професии на денешницата. Доста динамична и интересна професија со која ќе можеш да направиш позитивен импакт врз животот на луѓето.  Исто така можеш да работиш во различни сектори во индустријата.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?

Работа на проектите и дружењето со колегите.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата?

Луѓето се еден од највредните ресурси на една организација. Со нашата професија можеме да менуваме животи.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Во иднина се гледам како успешен HR, кој помага на организациите да растат преку задоволни и мотивирани вработени.

 

Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!