Во оваа блог објава, си поразговаравме со Ирена Савевска– студент на нашата Академија за Project & Product Management за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.

 

Здраво Ирена, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Ирена?

Здраво, здраво! Јас сум Ирена, имам 25 години. Се сметам за амбициозна, посветена, реална, креативна и личност полна со емпатија. Сакам да поминувам време со семејството и пријателите и имам сестра, која ја обожавам! 🙂 

 

Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за Project & Product Management како студент? 

Во попладневните часови, после работа – влегувам на платформата, ги поминувам видеата од конкретната лекција, ги запишувам клучните работи, гуглам терминологија, се консултираме во групата со тимот, се договараме за средба околу домашната работа и работиме заедно.

 

Кој е твојот омилен модул и зошто? 

Иницирање и планирање. Се пронајдов себеси најмногу овде. За Буџетирање, не можам да кажам дека ми е омилен модул, но се радувам многу што научив како се естимираат трошоци, иако на прв поглед си реков кај јас со бројки и формули. 🙂 

 

Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?

Топла препорака, за личности што сакаат да развијат вештини во оваа област независно дали се веќе вработени, невработени, студенти или сл. Можноста да се биде во тим со луѓе и инструктори што de facto веќе се во водите на оваа професија. Давање насоки за размислување и размена на искуства од реалноста. Благодарна сум што имаме можност за ваква едукација покрај стандардното формално образование што ни го нуди државниот систем.

 

Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш? 

На крај на еден од live часовите, ги презентиравме домашните задачи, веќе крај на часот, камерите на 80% од студентите беа исклучени, сите го чекаме крајот, изморени. Заврши и последната група, се исклучивме од часот. Одма потоа, во групата пишаа дека има уште една група што треба да презентира и ако можеме да се вратиме назад да ги ислушаме. Повеќе од 50% од студентите се вративме, чувството кога се враќаа еден по еден да се испочитуваат и другите ми остана во сеќавање.

 

Најважната лекција што ја научи на предавањата? 

Не мора да знам за да почнам, но морам да почнам за да знам, и да менаџирањето со време. Стандардна работа од 08:00 до 16:00, некогаш со задачи и после 16:00, паралелно и следење на Академијата ми е предизвик.

 

И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?

Мислам дека сè уште се пронаоѓам. Тоа во што сум сигурна е дека во иднина се гледам задоволна и среќна на работа со паралелно учење и надградување. Континуираното подобрување од моја гледна точка е клучот за успех во саканите цели, и на професионално и на лично ниво.

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!