Едно од засилувањата на tech тимот на Brainster e Даниела Икономова – љубопитна и одговорна личност, а воедно и алумни студент од Академијата за Full-Stack програмирање.

По завршувањето на Академијата, беше на неколку месечна пракса кај нас, а сега веќе работи како junior full-stack developer во нашиот тим и се грижи за дигиталната платформа за учење која секојдневно ја користат нашите студенти, инструктори и вработени.

 

Си поразговаравме со Даниела за нејзиното досегашно искуство и нејзината улога во нашиот tech тим

 

Здраво Даниела! Ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Даниела?

Здраво, јас сум Даниела и сум алумни од Академијата за Full-Stack програмирање. Накратко, за себе би можела да кажам дека сум една многу љубопитна и одговорна личност. Најголем дел од денот ми поминува во пишување код, а во слободно време сакам да истражувам нови технологии и да читам многу книги.

 

Опиши се со три зборови.

Организирана, амбициозна, љубопитна.

 

Ти си наш алумни студент на Академијата за Full-Stack програмирање. Неколку кратки прашања на оваа тема. Најпрво: Како ни дојде во Brainster?

За Brainster првпат слушнав токму преку овој блог. Еден топол летен ден, додека скролав по социјалните мрежи наидов на сличен пост за успешна приказна како оваа што сега јас ја пишувам. Од тој момент, се заинтересирав и почнав да истражувам малку повеќе за неформалното образование кај нас.

Главен фокус ми беше програмирањето. Се посветив да видам што се нуди во програмите на Full-Stack и Front-End академиите и паралелно пребарував кои технологии се најбарани во моментот во IT светот. Брзо сфатив дека програмата се поклопува со моите интереси и следен чекор беше закажување на интервју. Така започна мојата приказна во Brainster.

 

Зошто баш Full-Stack програмирање? Што те натера да ја избереш оваа професија?

Бев во потрага по професија која ќе ми овозможи да имам флексибилно работно време, а истовремено ќе го вклучува она што го сакам и во што сум најдобра – логика, математика и креативност. Како што спомнав веќе и во одговорот погоре, малку истражував и дојдов до веб програмирањето како идеална опција.

Некои девелопери се интересираат само за креативниот дел од веб програмирањето, други ги интересира техничкиот дел, а мене ме интересираше сé. Баш поради оваа причина избрав Full-stack програмирање. Како Full-stack девелопер имам контрола врз целата апликација која ја градам и го разбирам секој чекор од нејзиниот развој. Тоа ми дава голема моќ, истовремено раководам со процесите и на страна на клиент и на сервер.

 

Во кој дел од Full-Stack програмирање најмногу се пронаоѓаш?

Back-End. Повеќе сакам да сум „behind the scenes“.

 

Својата кариера како Full-stack девелопер ја започна токму во Brainster на практикантска позиција кое резултираше со вработување. Раскажи ни го накратко твоето Brainster journey од ден еден до денес.

Понудата за пракса дојде за мене барем неочекувано во тој момент. Се приклучив во еден мал тим, многу моќен и полн со идеи. После една недела си велев, јас сакам со овие луѓе да работам! Некој рекол „внимавај што посакуваш, може ќе ти се оствари“. И така после три месеци прилагодување, учење и напредување, станав и официјално дел од tech тимот во Brainster.

 

Опиши ни ја атмосферата во tech тимот на Brainster.

Многу е тешко да ви ја доловам атмосферата во мојот тим, но еве sneak peek. Tech тимот е тим од позитивни и вредни луѓе. Секој еден си е специфичен како индивидуа и има свои интереси, но сите заедно нé врзува љубовта кон технологијата и учењето. Уживам да сум опкружена од луѓе кои се секогаш спремни да понудат несебична помош и поддршка.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Кои се твои главни задачи? Кои се моментите во кои највеќе уживаш?

Денот ми започнува околу 9 часот со „Morning Стеф, што ќе работиме денес? :)” и црно горко кафе. Следува еден краток состанок на кој ги дискутираме дневните таскови. Кога сме сигурни дека сé ни е испланирано, почнуваме со работа на нив.

Работам на дигиталната платформа за учење која секојдневно ја користат нашите студенти, инструктори и вработени. Во последниве неколку месеци напорно работевме да ги автоматизираме и подобриме процесите на платформата.

Ме прави среќна што имам можност директно да придонесувам за нешто што е од голема важност за Brainster како образовен центар. Уживам во моментите кога добивам позитивен фидбек за функционалностите што сме им ги овозможиле и кои им го олеснуваат учењето на студентите и работењето на инструкторите.

 

Кој е најголемиот предизвик со којшто се имаш соочено до сега?

Прашањето доаѓа во право време бидејќи можам да кажам дека веројатно баш во овој момент се соочувам со најголемиот предизвик. Неодамна добив желба за ова и многу сум среќна што конечно ми се пружи прилика. Досега работев на проектите како back-end девелопер, а сега добив шанса да се пробам и како front-end девелопер. Не можам да ви откријам премногу ама tech тимот ви спрема нешто ново и интересно!

 

Најважната лекција што ја научи на Академијата?

Нешто што не го практикував, а го научив овде и по кое се водам до ден денес кога работам е дека треба повеќе време да посветам на размислување на проблемите за помалку време да ми одземе пишувањето код.

 

За крај – твоја препорака до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на Full-Stack програмирање?

Ти што го читаш ова, се надевам дека со мојата приказна ти ја доближив иднината што те чека доколку одлучиш да го направиш првиот чекор кон промена на кариерата и да се впуштиш во светот на програмирањето. Спреми се за: многу напорна работа, многу учење и на крај сладок успех. Ова е професија на иднината. Те чекаме на Академија!

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!