Креирањето на наставната програма на Академијата за дигитален маркетинг, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Digital PR, каде се учи за односите со јавноста како еден од најважните делови на маркетингот, како и најпрактичните совети коишто треба да ги знае оној кој во чии раце ќе бидат идентитетот и репутацијата на компанијата.

Дијана Десподов е нашиот инструктор на Академијата за дигитален маркетинг, којa го предава модулот Digital PR и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Digital PR:

 

Што се изучува на модулот Digital PR?

На овој модул, студентите ќе ги научат основите на односи со јавност преку дигитални канали, од пишување соопштенија и соработка со медиуми и новинари, преку комуникација во кризни ситуации, до елементи на успешна ПР стратегија.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Односи со јавност е важен елемент на маркетингот бидејќи се занимава со идентитетот и репутацијата на брендот/компанијата/организацијата и нивното позиционирање во колективната свест.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Студентите ќе ги подобрат своите комуникациски способности и ќе научат како да комуницираат со различни целни и демографски групи, како и со различни чинители и надворешни партнери (медиуми, интересни групи, јавни институции, други бизниси, непрофитни организации).

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Со овие способности студентите можат да се развијат во професионалци кои работат во полето на односи со јавност и комуникации (внатрешна и надворешна).

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот?

По завршувањето на овој модул, студентите ќе знаат како да напишат соопштение за јавност и да го пласираат во релевантните медиуми, како да изготват стратегија за внатрешна и надворешна комуникација во случај на кризни ситуации, како и да изготват сеопфатна стратегија за комуникација со јавноста на брендот/компанијата/организацијата и да ја менаџираат репутацијата на истите.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!