Тестирањето на софтвер е неопходно за секој бизнис

Запознајте го Вилијам Милошевски – алумни студент на Академијата за Software Testing, кој веднаш по завршувањето на Академијата ја започна својата кариера како Information Software Tester во компанијата TestDevLab.

 

Си поразговаравме со Вилијам за неговото ново работно место

 

Здраво Вилијам. Пред сѐ, честитки за почетоците на твојата кариера! Ние на Академијата те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво. Јас сум поранешен студент по филозофија. Решив да направам кариерна промена и се запишав на Академијата за Software Testing.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за Software Testing. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

На почетокот бев скептичен дека за 6 месеци можам да научам нешто и да бидам спремен за работа. Но, како што поминуваше времето, сѐ повеќе се запознавав со нови работи, како и со работата на реални проекти. Дури сега, кога работам неколку месеци и се спремам за официјален сертификат, сфаќам дека сѐ што учам, веќе ми е поминато на Академијата.

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Морам да изберам два модули, тоа се објектно-ориентирано програмирање и автоматско тестирање. Голем дел од Академијата беше теорија, а овие два ги избрав бидејќи имаше најмногу простор за практична работа и лесно можеше да се види резултатот од работата.

 

Започна да ја градиш својата кариера како Information Software Tester во компанијата TestDevLab. Раскажи ни го твоето кариерно патување.

По завршувањето на Академијата, го видов огласот на TestDevLab и аплицирав. Ми закажаа курс и на еден начин тест, на кој поминав одлично и ме примија на работа. Моментално, завршив со запознавањето со проектот, работам заедно со целиот тим и се спремам за официјален ISTQB сертификат. 

 

Што можеш да ни споделиш за оваа компанија? Која е нејзината дејност?

TestDevLab работи на сите видови тестирање за голем број на компании насекаде во светот. Компанијата е од Латвија, но сега и со канцеларија во Македонија. Имаме можност за пракса, можност за промена на проект, како и нивна академија за континуирано надградување во насока на која ние самите ќе се определиме, што мене како почетник најмногу и ме привлече.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на софтвер тестингот?

Како што кажав, првично не верував дека за кратко време може да се научи, но ризикував, и не згрешив. Премногу сум задоволен од инструкторите, секогаш даваа сѐ од себе за да нѐ научат, створив многу пријателства, од кои моментално имам и колеги со мене на работа. Ако имате добро познавање на англиски јазик, имате критичко размислување и пред сѐ желба за промена, не чекајте и запишете се.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Trending Stories That Might Interest You