Креирањето на наставната програма на Академијата за UX/UI дизајн, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Алатки, кој претставува основа што треба да ја совлада секој кој сака да стане UX/UI дизајнер.

Мартин Теновски е нашиот инструктор на Академијата за UX/UI дизајн кој го предава модулот Алатки и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Алатки:

 

Што се изучува на модулот Алатки?

Figma и Invision Studio.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Секој дизајнер и професионалец од областа на ИТ, покрај останатите вештини, умее да работи во повеќе алатки т.е софтвери кои му ја олеснуваат работата. Затоа ние ги изучуваме најдобрите софтвери за UX/UI дизајн и Prototype.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Планирање, brainstorming, скицирање, организирање, дизајнирање, одржување и креирање на прототипи во секојдневието.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Умешноста на еден професионалец да биде лесно снаодлив и прилагодлив на софтверот во кој треба да работи е една од најбитните вештини денес. Покрај Figma и Invision Studio, студентите ќе стекнат вештини со кои ќе имаат можност да се прилагодат на било која друга алатка.

 

Што ќе научат студентите по завршување на модулот?

Студентите ќе ги научат сите функции кои алатката ги нуди, зошто се користи истата и на кој начин. Ќе разговараме за најдобрите трикови и практики. Организација на проект и одржување на истиот. Контрола на верзија. Изработка на прототипи. Креирање компоненти и дизајн систем.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот Алатки? 

Изучувањето на Алатките е на практичен начин, преку примери и задачи кои ќе треба да ги изработат студентите со цел да го сфатат материјалот, но и да постават прашања во однос на истиот. Достапни ќе бидат и екстерни ресурси со кои студентите ќе можат да се послужат.

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!