Креирањето на наставната програма на Академијата за Full-Stack програмирање, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Databases, каде се учи креирањето на датабази и уредувањето на податоци што треба да ги совлада секој кој сака да стане full-stack програмер.

Елена Клисаровска е нашиот инструктор на Академијата за Full-Stack програмирање, која го предава модулот Databases и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Databases:

 

Што се изучува на модулот Databases?

Се изучува SQL, MySQL и работа со DBMS за зачувување, бришење, уредување и читање на податоци од датабаза.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Овој модул е неопходен за секој кој ќе работи како Full-Stack Developer или PHP Developer.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Иако датабазите се дел од обуката за Full Stack Developer, ако се фокусира да се усоврши судентот во оваа област може да работи единствено со датабази.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

Сами да креираат датабаза, да уредуваат податоци во истата, да бришат и читаат податоци што подоцна ќе го искористат како основа за градење на целосна веб апликација.

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!