Полето на Software Testing постојано се менува, а со тоа станува една од најпредизвикувачките и најинтересните области за работа. Тестирањето на софтвер е фасцинантен процес кој овозможува да решаваш сложени и предизвикувачки проблеми. 

Живееме во време кога литературата ни е лесно достапна и многу материјали ни стојат на располагање. А, еден од најефикасните начини за учење и развој на потребните вештини за унапредување на кариерата е да се биде во тек со последните трендови во индустријата и постојано информирање.

Без разлика дали си ентузијаст кој има страст кон софтвер тестинг или си експерт којшто сака да го прошири своето знаење, постојат многу книги кои можеш да ги прочиташ, а се во рамките на твојот интерес.

 

Во продолжение, издвоивме 7 книги кои треба да ги прочита секој software testing ентузијаст:

 

 

Perfect Software: And Other Illusions about Testing

Авторот се обидува да ги побие деструктивните поими за тестирањето и тестерите. Со мешавина од духовитост, раскажување приказни и впечатлив увид што ги освои неговите фанови ширум светот, Gerald Weinberg во оваа книга вешто го одвојува она што е очекувано, значајно и возможно при тестирањето на софтверот, а ги уништува заблудите и вообичаените грешки.

 

 

Foundations of Software Testing ISTQB Certification

Оваа книга е суштински водич за тестирање на софтверот и за квалификацијата на ISTQB. Сеопфатно ги одразува најновите промени во наставната програма на ISTQB и со практичен пристап ги покрива основните теми што треба да ги знае секој тестер на системи и софтвери. Авторите се самите развивачи на наставната програма ISTQB и се високо почитувани меѓународни авторитети, наставници и автори во областа на тестирањето на софтверот.

 

 

Selenium Testing Tools Cookbook

Оваа книга ќе ти помогне да ја совладаш моќта на Selenium WebDriver преку едноставни примери што ги илустрираат проблемите во реалниот свет и ќе ти даде корисни совети и решенија за нив. Преку голем број практики и примери на кодови, дознај за тестирање на мобилни веб-апликации со Selenium Drivers за платформи како што се iOS и Android.

 

 

Agile Estimating and Planning

Твојот нов омилен практичен водич за проценување и планирање на агилни проекти. Преку примери од реалниот свет и студии на случај, книгата ќе ти покаже точно како ефективно да ја завршиш работата и како користејќи ги разработените техники можеш да останеш агилен од почеток до крај, заштедувајќи време, зачувувајќи ресурси и постигнувајќи повеќе.

 

 

Bug Advocacy: A BBST Workbook

Оваа книга ќе ти помогне да разбереш дека извештаите за грешки не се само неутрални технички извештаи. Тие се убедливи документи. Низ страниците на овој водич ќе ја разбереш клучната цел на авторот на извештајот за грешки, односно како да обезбедиш висококвалитетни информации, добро напишани, за да им помогнеш на засегнатите страни да донесат мудри одлуки

 

 

The Agile Samurai: How Agile Masters Deliver Great Software (Pragmatic Programmers)

Агилниот експерт Џонатан Расмусон ќе ти покаже како да ги започнеш, како да ги извршуваш и како да ги испорачаш агилните проекти. Комбинирајќи ги врвните алатки со класичните агилни практики, оваа книга ти дава сè што ти треба за да испорачаш нешто вредно секоја недела. Исполнета е со најдобри практики, воени приказни, многу хумор и практични вежби за вежбање кои ќе те натераат да ги правиш вистинските работи, на вистински начин. 

 

 

How to Break Software: A Practical Guide to Testing

Оваа книга е отстапување од конвенционалното тестирање во кое тестерите подготвуваат писмен план за тестирање и потоа го користат како скрипта при тестирањето на софтверот. Ќе те научи да не следиш слепо некој документ за егзекуција кој можеби е застарен и е напишан пред производот воопшто да може да се тестира. Ќе ти покаже како да почнеш да размислуваш, а новото мото ќе ти биде ,,Размисли малку, тестирај малку и потоа размисли малку повеќе’’.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!