Креирањето на наставната програма на Академијата за дигитален маркетинг, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Lead Generation, каде се учат техники и вештини кои ќе ги донесат заинтересираните потенцијални купувачи на веб-страницата и како да се добие нивниот контакт.

Кристијан Арсов е нашиот инструктор на Академијата за дигитален маркетинг, кој го предава модулот Lead Generation и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Lead Generation:

 

Што се изучува на модулот Lead Generation?

Стратегии и начини со кои компаниите и брендовите може да донесат заинтересирани – потенцијални купувачи (leads), што е Landing Page, а што Lead Magnet, како да се добијат информации за контакт на овие потенцијални купувачи за да можеме да ги контактираме, и секако, тактики како потоа да ги конвертираме во вистински потрошувачи и клиенти.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Lead Generation е особено важен дел во светот на B2B маркетингот, односно маркетинг и продажба од една компанија на друга, бидејки во B2B светот продажбата на еден производ или услуга не се случува моментално како кога купуваме вода или бурек, туку процесот на продажба може да трае и со месеци. Туку на сцена настапуваат Lead Generation & Lead Nurturing специјалистите!

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?
  • Како да ги убедиш вистинските луѓе да ти ја оставаат нивната email адреса или нивниот телефонски број;
  • Како да добиеш што е можно повеќе downloads на твојата најнова е-книга;
  • Како да добиеш што е можно повеќе регистрации на твојот најнов webinar или настан во живо;
  • Како да им помогнеш на твоите колеги од Sales да продадат што е можно повеќе производи и услуги.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Со оглед на тоа што B2B маркетингот е скоро 50% од целиот маркетинг во моментот, постојат огромен број на работни места отворени за маркетери кои се специјализираат во овој домен, особено во светот на Tech и Software-as-a-Service компаниите.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот?

Градење на Landing Page од 0 до завршен производ, со помош на WordPress и Elementor, едни од најпопуларните и најбараните алатки. Без програмирање!

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!