Студентите зборуваат за искуството – Данило Смилески

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Данило Смилески – студент на нашата Академија за графички дизајн за неговото искуство и како тој си поминува на предавањата.
Здраво Данило, ние веќе те познаваме, но како би се претставил на останатите, кој е Данило?
Здраво, јас се викам Данило Смилески, имам 25 години, живеам и работам во Скопје. За себе можам да кажам дека сум креативен, упорен пред сé и човек кој сака да научи нешто ново. Моето професионално искуство е во областа на телекомуникациите, но желбата за графички дизајн се јави уште пред неколку години. Пред сé, сакав желбата да стане реалност и тоа се случи. Важно е да се работи на целите, а не да останат само желби.
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за графички дизајн како студент?
Присуството на овие предавања е прекрасно. Поминатиот материјал го дискутираме сé со цел да ни станат појасни информациите и константно сме посветени на тоа што го изучуваме. Многу ми се допаѓа начинот на предавање кое е на професионално ниво и моментот на евалуација на проекти кое можам да го издвојам како дел од кој најмногу се учи.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
Векторска графика – Illustrator, бидејки нашата креативна способност можеме таму да ја искажеме на начинот на којшто сме ја замислиле.
Што би раскажал за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
Би ги охрабрил сите коишто сакаат да станат дел од графичкиот дизајн, бидејќи е област којашто нуди многу, а воедно е и една од најбараните професии. Најважно е да учиме од професионалци.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Би издвоил повеќе моменти: тимската работа во која сите уживавме и моментот на посветеност на целиот тим во којшто работевме.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
Посветено треба да работиме за да успееме во остварување на целта.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Како успешен графички дизајнер, кој посветено би работел на тоа.
Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!