UX/UI дизајн – креативна професија со многу кариерни можности

Дали знаеш дека 94% од првиот впечаток на еден корисник се базира на дизајнот и искуството што го има со одредена веб-страница или апликација?
Од таа причина, денес компаниите во фокус го земаат искуството и задоволството на корисникот, па затоа една од најпопуларните професии е UX/UI дизајн, за кој побарувачката на висококвалитетни кадри постојано расте.
UX/UI дизајнот е една од најбрзорастечките професии во светот. И не е тешко да се види зошто: сега, повеќе од кога било, потрошувачите комуницираат со онлајн продавниците и побаруваат услуги првенствено преку нивните мобилни и десктоп уреди.
Бројките зборуваат сами за себе – побарувачката за UX/UI дизајнери се зголеми за 5 пати од претходната година. А ова е само една од главните причини зошто треба да размислиш за учење на UX/UI дизајн токму сега.
5 причини зошто да почнеш да учиш UX/UI дизајн:
1. Креативна професија со многу кариерни можности
UX/UI дизајнот се вборјува во листата на најбараните професии на денешницата. Тоа е професија која ќе ти отвори широк спектар на начини како да ги изразиш своите вештини и креативност, а ќе ти овозможи и многу кариерни можности и работни позиции. UX/UI дизајнерите можат да работат во голем број на различни индустрии, па затоа верувај дека никогаш нема да ти биде здодевно.
Еве дел од најбараните работни позиции како UX/UI дизајнер:
- UX дизајнер;
- UI дизајнер;
- UX истражувач;
- UI истражувач;
- Тестер за употребливост;
- UX архитект;
- UX аналитичар;
- UX инженер;
- Визуелен дизајнер.
2. Компаниите се фокусираат кон искуството на корисниците
Водени од новото правило во продажбата – ,,Продавајте искуства, а не производи”, компаниите се насочуваат кон создадање на искуства надвор од нивните производи. Тие сé повеќе и повеќе почнуваат да ја разбираат важноста на искуството на корисниците и се фокусираат на креирање на дигитално искуство што ќе резонира со нив. Епа, за таа задача се задолжени токму UX/UI дизајнерите, што ги прави исклучително значајни на пазарот на труд.
3. Една од најпопуларните професии денес
Од досега кажаното може да се извлече еден многу јасен заклучок – UX/UI дизајнот е една од најпопуларните професии денес! Тоа е професија којашто е исполнета со многу кариерни можности и потребниот кадар за оваа професија секојдневно расте. Воедно, UX/UI дизајнот е и една од најплатените професии на денешницата. Сепак, пред да зборуваме за бројки, имајте на ум дека платата на UX/UI дизајнерите може да варира во зависност од тоа каде се наоѓаш, кое е твоето ниво на искуство и дали работиш со полно работно време или пак како freelancer. На Академијата за UX/UI дизајн ќе ги стекнеш сите потребни знаења и вештини за да лансираш успешна кариера во една од најпопуларните и најплатените професии.
4. Работа на проекти како freelancer
Убавината во оваа професија е тоа што доколку не си во потрага по full-time работа, тогаш можеш да експериментираш со својата креативност и да креираш многу возбудливи проекти како freelancer. Оваа професија ти овозможува да го работиш тоа во што најмногу уживаш, притоа искусувајќи ги и придобивките кои ги овозможува работата како фриленсер. На Академијата за UX/UI дизајн преку изучување на посебен модул за freelance, студентите ќе имаат можност да ги стекнат неопходните вештини за да ја започнат својата кариера и да се запознаат со начинот на работа како freelance-ри.
5. Решавање на проблеми кои го подобруваат животот на корисниците
Главната задача на секој UX/UI дизајнер е да ги решава проблемите на корисниците со што ќе им овозможи пријатно искуство на веб-страницата и апликацијата, а со тоа и можност за подобри продажни резултати на компанијата. Поголемиот фокус кон UX/UI дизајнот води до многу подлабоко разбирање на потребите и желбите на корисниците, а со тоа компаниите се во многу подобра позиција да создаваат производи што одговараат на нивните потреби.
Уште не си доволно убеден? Еве неколку конечни статистики за тоа зошто компаниите предводени од UX/UI можат да се издвојат од конкуренцијата, да генерираат повеќе среќни клиенти и да успеат да ги претворат таквите среќни клиенти во повторливи клиенти:
- Пресудите за кредибилитетот на веб-страницата се 75% врз основа на целокупната естетика на страницата;
- 88% од онлајн потрошувачите имаат помала веројатност да се вратат на страницата по лошо искуство;
- Првиот впечаток е 94% поврзан со дизајнот.
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!