Придобивки од користење на прогресивни веб апликации

Огнен Бендевски е инструктор на нашата Академија за Front-End програмирање и ги предава модулите JavaScript и React. Тој е дипломиран инженер по информатички технологии, со насока компјутерско инженерство на ФИНКИ. Шест години живее во Германија, каде работи во еден од најголемите стартапи во Европа – Grover. Главна дејност му е Front-End, каде работи на веб и мобилни апликации.
Прочитајте што Огнен Бендевски има да каже на тема прогресивни веб апликации:
Модерните веб апликации може да се изградат на многу начини. Се чини дека секоја година излегуваат сѐ повеќе начини на креирање на веб апликации преку различни фрејмворци, библиотеки, користејќи различни концепти и техники. Веб светот е жив и напредува. За изработка на една веб страна се потребни многу часови на: планирање, дизајнирање, креирање и тестирање.
Корисниците очекуваат дека на крајот ќе добијат една прекрасна апликација со убав дизајн, со глатки анимации при навигирање од страна на страна, високи перформанси, брзо лоадирање и одличен SEO.
Сепак, и овие апликации имаат свои недостатоци, посебно кога ги користиме преку мобилен веб пребарувач. Во споредба со нативните апликации кои максимално ги користат хардверските можности на уредот, веб апликациите се ограничени во тој поглед.
Така се раѓа и идејата за прогресивни веб апликации, односно, што би било кога би можеле да креираме веб апликација која се однесува и се чувствува како нативна апликација, која повеќе ги користи хардверските можности на уредот како жироскоп, GPS, блутут, NFC, читач за отпечаток од прсти итн.
Што се прогресивни веб апликации?
Како што самото име ни кажува, тоа се веб апликации кои преку користење на одредени технологии (сервис воркери, манифести и др.) во комбинација со прогресивно подобрување (progressive enhancement) ни носат корисничко искуство поблиско до мобилните апликации.
Кои се предностите на прогресивните веб апликации?
Може да бидат инсталирани на уредот (мобилен или лаптоп) како нативна апликација – При првото користење на веб апликацијата, ќе добиете известување дека имате можност да ја инсталирате оваа апликација на вашиот уред. Доколку прифатите, ќе ја имате оваа апликација исто како оние што ги симнувате од маркетите.
Користат повеќе хардверски можности на уредот (блутут, геолокација, NFC, читач на отптечаток на прсти или лице, снимање на аудио, жироскоп, препознавање на глас и други) – Ова е всушност револуционерниот дел од приказната за прогресивни веб апликации. Ова се тие работи кои прават веб апликацијата да се чувствува повеќе како нативна и да ја однесат до следното ниво.
Може да ги користите и кога сте офлајн – Преку кеширање на одредени податоци, апликацијата е достапна за користење дури и кога немате пристап до интернет.
Може да ги поставите на маркетите за апликации на Google (Play store) и Apple (App Store).
Ограничувања
Иако звучат премногу добри за да се реални, прогресивните веб апликации сепак имаат недостатоци. Имено, сепак станува збор за веб апликација, што значи дека се опслужува од интернет пребарувач. Поради тоа, се потпира на можностите на пребарувачот, наместо дирекно на можностите на уредот. Тоа додава уште еден слој во комуникацијата до хардверските можности на уредот. Со нативните апликации тоа е дирекна комуникација, затоа тие се сѐ уште неприкосновени во односот на перформанси.
Исто така, бидејќи се ослонуваат на интернет пребарувач, тоа остава простор за компаниите кои ги поседуваат интернет пребарувачите да го диктираат темпото на развој на прогресивните веб апликации. Имено, Google со својот Chrome пребарувач има најдобра поддршка за PWA и е главниот двигател за нивно поголемо користење. До неодамна, Apple со својот Safari скоро и да не даваше никаква поддршка. Тоа полека се менува, бидејќи од iOS 15.4, Safari ќе поддржува повеќе додатоци кои се во корист на прогресивните веб апликации.
Компании кои користат прогресивни веб апликации
- Starbucks
Апликацијата му овозможува на корисникот да го пребарува менито дури и кога е офлајн и да стави продукти во кошничката, за кога подоцна ќе се врати онлајн да ја изврши порачката. Прогресивната веб апликација е 99.84% помала од нативната iOS апликација, што ја прави многу популарен избор меѓу корисниците.
- Uber
Направена е со намера да овозможи користење на услугите дури и при многу слаба интернет конекција (2G мрежи). Оваа апликација е околу 50 килобајти и се лоадира за 3 секунди на 2G мрежа.
Откако Pinterest ја претстави својата PWA, корисниците поминуваат 40% повеќе време споредено со претходната обична веб апликација, трошат 44% повеќе и се 60% повеќе ангажирани.
- Spotify
Споредено со истата нативна апликација, прогресивната веб апликација на Spotify е значително побрза со својот адаптивен и уникатен кориснички интерфејс. Како и со сите останати прогресивни апликации, корисниците имаат можност да ја додадат на својот почетен скрин на уредот, правејќи ја достапна во секој момент.
Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни, дознај повеќе за Академијата за Full Stack програмирање и Академијата за Front-end програмирање.
На Академијата за Full Stack програмирање и Академијата за Front-end програмирање учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!