Креирањето на наставната програма на Академијата за графички дизајн, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Типографија, каде се учи што точно претставува типографијата и нејзината историја, што треба да ја совлада секој кој сака да стане графички дизајнер.

Небојша Гелевски – Бане е нашиот инструктор на Академијата за графички дизајн, кој го предава модулот Типографија и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Типографија:

 

Што се изучува на модулот Типографија?

Во склоп на овој модул ќе научите зошто типографијата е основен столб на графичкиот дизајн. Ќе се запознаете со: типографската историја и поврзаноста со современата практика и модерните дизајн трендови, класификацијата и основните поделби на писма, комбинацијата и употребата на фонтови, типографските принципи, мерните системи и специфичните типографски алатки за типографска манипулација.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Добрата типографија воспоставува силна визуелна хиерархија, обезбедува графичка рамнотежа и хармонија, носи информација, но пренесува и чувства и емоции кај консументот на нашата визуелна порака. Типографијата е во основа на секој графички дизајн. Затоа е важен овој модул.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Познавањето на типографијата отвора еден нов свет на можности и истражувања во графичкиот дизајн, познавањето на категориите на писма, познавањето на историјата на типографијата, но и на модерните алатки за манипулација со фонтовите, исклучително ќе ви користи во секојдневните дизајн активности.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Секој дизајнер мора да ја познава типографијата. Дали ќе станете брендинг дизајнер, или пак постер дизајнер или експерт за пакување, или ќе останете во дигиталните води на UI и UX, или ќе работите сѐ од домен на графички дизајн, типографијата секогаш ќе морате да ја издигнете на највисоко ново. Нема добар дизајн без добра типографија.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

На овој модул студентите самостојно ги изработуваат следните вежби:

  • Семинарска презентација на тема категоризација на фонтови – тимска работа во групи;
  • Бирање фонт за готов амблем (лого);
  • Дизајн на визит карта;
  • Дизајн на типографски портрет;
  • Комбинирање фонтови за корица за книга;
  • Дизајн на цитат за трчање;
  • Метален беџ – Brainster [користење модуларен фонт];

По завршување на овој модул, студентите ќе добијат нови знаење и вештини од домен на типографијата која е една од основите на секое дизајнерско дело.

 

Регистрирај се за бесплатното онлајн предавање со Бане на тема „Зошто дизајнерите не треба да се плашат од AI?“

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.