Деновите, кога рангирањето на страните на Google можеше да се подобри само преку повратни линкови и клучни зборови се веќе далеку зад нас. Како што минува времето, пребарувачите стануваат сé попаметни и го префрлаат својот фокус кон корисничкото искуство.
Зад ова се крие едноставно објаснување: добриот UX дизајн го подобрува сообраќајот на веб-страницата, ангажираноста и на крајот, рангирањето.
Како се случи оваа промена и кои се чекорите што треба да се преземат? Во продолжение ќе дознаеш за клучната поврзаност помеѓу SEO и UX.
Како што можеби и веќе знаеш, пребарувачите (како Google) собираат податоци за корисниците и веб-страниците за подобро да го разберат начинот на нивното однесување. Еден од главните UX сигнали што Google може да ги измери е pogo-sticking – активноста кога корисникот посетува веб-страница од пребарувањето на Google, не го наоѓа она што го бара и се враќа на Google за да изврши друго пребарување.
Ако ова често се случува со веб-страницата, големи се шансите дека нејзината ранг позиција ќе претрпи негативни последици, поради фактот дека најчесто на веб-страниците со повисок bounce rate или pogo-sticking им недостасуваат информациите што се важни за корисникот.
Не ја префрлај вината на пребарувачите! Тие не знаат што го предизвикува високиот bounce rate, туку само го следат однесувањето на корисниците и соодветно според тоа ги рангираат веб-страниците.
5 најдобри практики за UX и SEO што можеш да ги испробаш уште денес
Како што споменавме, бидејќи пребарувачите не можат точно да кажат зошто посетителите ја напуштаат веб-страницата, останува на UX и SEO експертите да ја завршат напорната работа.
Ги избравме најдобрите SEO и UX дизајн практики за да се осигураме дека твојата веб-страница ќе го добие вниманието што го заслужува:
- Mobile-friendly веб-страници
Повеќе од 50% од корисниците пристапуваат до веб-страниците преку мобилни телефони. Затоа е клучно голем фокус да се стави на изгледот, чувството, текстот, сликите и искуството на корисниците кога пристапуваат на мобилната верзија на веб-страницата.
Во денешно време не смееш да си дадеш изговор дека немаш време да ја прилагодиш мобилната верзија на твојата веб-страница. Секој нејзин елемент влијае на SEO, а дефинитивно никој не сака да ризикува со рангирањето на Google!
- Брзо отварање на веб-страниците
Никој повеќе нема време да чека една страница да се отвори, нели? Епа истото важи и за пребарувачите. Тие сметаат дека времето на вчитување на веб-страниците е суштински фактор во рангирањето. Тоа е веројатно наједноставната тактика за оптимизација. А, ние ќе ти дадеме неколку совети за да го минимизираш времето на вчитување на твојата веб-страница.
- Постави компресирани слики;
- Имај чист код;
- Користи побрз web-host сервер.
- Едноставна навигација на веб-страницата
Секој корисник сака да го заврши пребарувањето за колку што е можно пократко време и со помала конфузија. Едноставната навигација може да ти помогне со ова. Запомни дека имањето повеќе веб-страници не е секогаш најдоброто решение. Една веб-страница со квалитетна содржина и организација погодна за корисниците може да биде најважниот елемент при рангирањето.
- Привлечни наслови
Секој корисник кога ќе пребара една веб-страница, најпрво ги гледа насловите за да провери дали истата нуди одговор на неговиот проблем. Истата приказна е и со роботите на пребарувачите. Тие внимателно ги проверуваат насловите за да откријат за што е таа веб-страница и да ја интерпретираат нејзината содржина.
Како да го организираш твојот наслов? Многу е едноставно: секој rage треба да има само една H1 ознака. Останатите наслови може да имаат ознаки од H2 до H6 повеќе пати на места што имаат смисла.
- Јасно лого
Логото е идентитетот на веб-страницата. Логото е еден од првите елементи што корисникот ќе ги види откако ќе слета на веб-страницата. Што можеш да направиш? Погрижи се логото да е очигледно, јасно и да му покаже на корисникот за што е веб-страницата.
Поентата овде е едноставна – ако сакаш солидно рангирање на твојата веб-страница, ќе ти треба добро корисничко искуство за да ја усоврши оптимизацијата.
Ако си нов во UX дизајнот, но сакаш да нурнеш подлабоко во оваа популарна сфера, тогаш Академијата за UX/UI дизајн е вистинскиот прв чекор што треба да го преземеш.
Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!