Студентите зборуваат за искуството – Јована Сиљановска

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Јована Сиљановска – студент на нашата Академија за човечки ресурси за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.
Здраво Јована, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Јована?
Јас сум Јована Сиљановска, имам 26 години и живеам во Скопје. Моментално сум запишана на Академијата за човечки ресурси, насоката во која сакам да ја продолжам својата кариера. Живеев 6 години во Белгија каде што се стекнав со менаџерско искуство и каде бев во постојан контакт со HR секторот. Оттука ми произлезе и желбата да се запишам на оваа Академија.
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за човечки ресурси како студент?
Според тоа што моментално работам по 8 часа на ден, се обидувам барем по два часа во денот да ги посветам на лекциите и задачите што треба да ги извршиме. Доколку имам busy недела, ги користам викендите за да го завршам материјалот од таа недела. Инструкторите ни се исто така од голема помош, за какви било нејаснотии секогаш можеме да ги контактираме и да се консултираме.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
Секој модул е различен и интересен на свој начин, но како најинтересен досега би го избрала „Управување со перформансите на вработените“. Давањето feedback и тоа да го следам напредокот на вработениот или тимот е голем предизвик за мене.
Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
Воопшто да не се двоуми, Академијата би ја препорачала на секој што сака да се надгради или да направи промена во својата кариера. Оваа Академија нуди работа на реални проекти и е составена од тим на посветени ментори кои во секое време им стојат на располагање на студентите и им помагаат во остварување на нивните цели.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Досега имав многу интересни моменти на Академијата. Предавањата се доста интерактивни и постојано те држат биден и мотивиран. Не би можела да издвојам посебен момент, но сигурно во модулот за „Регрутација, селекција и онбординг на вработени“ ќе го паметам гостувањето на HR професионалците кои присувствуваа на live-сесиитe, кои преку практични примери ни го доловуваа цел тој процес на регрутација и селекција.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
Најважна лекција која на научив од досегашните предавања, поточно од моделот „Мотивација на вработени“ е начинот и техниките со кои можеме да ги мотивираме вработените. Тоа претставува голем предизвик за мене зошто сметам дека мотивацијата е клучен фактор за успех на секое поле.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Во иднина се гледам како успешен HR професионалец кој ќе придонесе за подобар третман на вработените во една компанија. Целта би била вработениот да може да ги извршува своите секојдневни активности во една здрава работна средина, каде Понеделникот би му претставувал предизвик а не мачнина дека треба да се појави на работа.
Уписите за следната група на Академијата за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!