Запознајте ја Алма Смаилова – алумни студент од Академијата за дигитален маркетинг која ја започна својата кариера во маркетинг светот како маркетинг координатор во еден од најголемите ланец маркети во Македонија – Рептил.

 

Си поразговаравме со Алма за нејзиното ново работно место

 

Здраво Алма! Ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Алма?

Здраво на сите! Јас сум Алма од Кавадарци со постојано место на живеење во Скопје и работам како маркетинг координатор во Рептил. Авантурист во душа, кој го мотивираат новите предизвици и личност која ја сака креативноста. Секојдневно целам кон својот сон, а тоа е да станам дигителен маркетер.

 

Три работи кои те опишуваат?

Амбициозна, креативна до бесконечност и друштвена.

 

Зошто баш дигитален маркетинг? Што те натера да ја избереш оваа професија?

Најголема мотивација за да ја изберам оваа професија добив од успешните приказни на студентите и реалните проекти кои се изработуваат на Академијата за дигитален маркетинг.  Го одбрав дигиталниот маркетинг бидејќи е поле кое постојано се менува и секогаш има нешто ново за учење, што значи никогаш не е здодевно.

 

Својата кариера како дигитален маркетер ја започна токму во Рептил Маркети на позиција маркетинг координатор. Раскажи ни го накратко твоето кариерно патување.

Работната позиција најчесто ми е поврзана со водење на социјалните медиуми. Сѐ што е вклучено како рекламирање е дел од моето секојдневие. Бидејќи сум нова во овој сектор имам цел тим позади мене кој ме стимулира да бидам сѐ подобра.

 

Како изгледа еден твој работен ден? Кои се моментите во кои најмногу уживаш?

Работниот ден ми започнува од 08:00 часот и трае до 16:00 часот. Моменти во кои најмногу уживам се: првото утринско кафе со тимот и комуникацијата за координирање на секојдневните задачи.

 

За крај – твоја препорака до сите оние коишто размислуваат за кариерна промена и насочување во сферата на дигитален маркетинг?

Без разлика на годините и кој е вашиот кариерен пат, никогаш не е доцна да научите нешто ново. За мене, Brainster се најдобри бидејќи имаат добро резиме и пријателски пристап кон сите студенти. Секогаш се достапни и можете да добиете соодветен фидбек од предавачите во секое време.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!