Дигиталната трансформација на секојдневното живеење е неизбежна, а ИТ светот нуди најперспективни и најплатени кариери со сигурна иднина.

Живееме во време кога литературата ни е лесно достапна и многу материјали ни стојат на располагање. А, еден од најефикасните начини за учење и развој на потребните вештини за унапредување на кариерата е да се биде во тек со последните трендови во Front-End сферата и последните трендови во Full-Stack индустријата и постојано информирање.

Без разлика дали си ентузијаст кој има страст кон Front-End или Full-Stack програмирање или си експерт којшто сака да го прошири своето знаење, постојат многу книги кои можеш да ги прочиташ, а се во рамките на твојот интерес.

 

Во продолжение, издвоивме 7 книги кои треба да ги прочита секој software developing ентузијаст:

 

 

Clean Code: A Handbook of Agile Software Craftsmanship

Дури и лош код може да функционира. Но, поголем проблем се јавува ако кодот не е чист. Секоја година се губат безброј часови и значителни ресурси поради лошо напишаниот код. Но, тоа не мора да биде така. Во оваа книга ќе дознаеш за вештини и практики кои ќе ти помогнат да ги развиеш вредностите на еден софтверски експерт и ќе те направи подобар програмер – но само ако вложиш многу труд и работиш на постојано подобрување.

 

 

Introduction to Algorithms

Некои книги за алгоритми се прецизни, но нецелосни; други покриваат голема количина на материјал, но немаат прецизност. Оваа книга уникатно ги комбинира прецизноста и сеопфатноста. Опфаќа широк опсег на алгоритми во длабочина, но сепак го прави нивниот дизајн и анализа достапни за сите нивоа на читатели. Секое поглавје е релативно самостојно и може да се користи како единица за проучување. Објаснувањата се елементарни, но не на сметка на длабочината на покриеноста или математичката прецизност.

 

 

Code Complete: A Practical Handbook of Software Construction

Во оваа книга, авторот во јасни, прагматични насоки ги синтетизира најефективните техники и принципи кои секој програмер мора да ги знае. Исполнета е со врвни практики и стотици нови примероци на код коишто ја илустрираат уметноста и науката за конструкција на софтвер. Без разлика на нивото на искуство што го имаш во оваа област, оваа книга ќе го стимулира твоето размислување и ќе ти помогне да создадеш код со највисок квалитет.

 

 

Cracking the Coding Interview: 150 Programming Questions and Solutions

Чувството на страв и несигурност може да биде присутно при присуство на секое интервју. Затоа, целта на оваа книга е да ти ја даде потребната подготовка за интервју за да ги добиеш врвните работни места како software developer. Ова е длабока техничка книга и се фокусира на вештините за софтверско инженерство за постигнување на успешно интервју. Книгата има над 500 страници и вклучува 150 прашања и одговори за интервју, како и други совети.

 

 

Coders at Work: Reflections on the Craft of Programming

Оваа книга ќе ти помогне да разбереш кој е кој во светот на програмирањето и ќе ти даде фасцинантен поглед на тоа како некои од најдобрите програмери во светот ја вршат својата работа. Се состои од интервјуа со 15 експерти и успешни програмери, а примарните теми во овие интервјуа вклучуваат како испитаниците научиле програмирање, нивните омилени јазици и алатки, нивните мислења за програмирање, докази, читање кодови и слично.

 

 

Coders: The Making of a New Tribe and the Remaking of the World

Алгоритмите на Facebook ги обликуваат новостите. Самоуправувачки автомобили се застапени по улиците. Живееме во свет изграден од код, а токму кодерите се тие кои го изградија овој свет. Во оваа книга ќе дознаеш за најдобрите практики коишто ги користат некои од големите програмери на денешницата, вклучувајќи ги и креаторите на News Feed на Facebook, Instagram, врвната вештачка интелигенција на Google и многу повеќе. 

 

 

Don’t Make Me Think: A Common Sense Approach to Web Usability

Исполнета со одлични практики и приказни, оваа книга ќе те натера да се ставиш во кожата на корисникот на веб-страницата и да почнеш да ги гледаш работите од негова перспектива. Ако дизајнираш, пишуваш, програмираш, поседуваш или управуваш со веб-страници, мора да ја прочиташ оваа книга.

P.S. Немој да се изненадиш ако оваа книга целосно го промени начинот на кој размислуваш за веб дизајнот.

 

Совладај ги најбараните вештини на денешницата преку работа на реални проекти за реални клиенти.

Дознај повеќе за програмите на Академијата за Front-End програмирање и Академијата за Full-Stack програмирање.

Интересот е преголем, а бројот на слободни места – ограничен, затоа резервирај го своето навреме!

 

Како до 1.000.000€? 🤫