Запознај ги модулите – Машинско учење

Креирањето на наставната програма на Академијата за Data Science, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.
Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Машинско учење, каде се учат основите на вештачката интелигенција и машинското учење, што треба да ги совлада секој кој сака да стане data scientist.
Ивона Кочева е нашиот инструктор на Академијата за Data Science, којa го предава модулот Машинско учење и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.
Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Машинско учење:
Што се изучува на модулот Машинско учење?
Вовед и основи во вештачка интелигенција и машинско учење. Како може да анализираме, дадеме заклучоци за податочно множество (табела, слика) и како да изградиме модели кои ќе учат од податоците и соодветно ќе даваат предвидување во иднина.
Зошто е важно да се изучува овој модул?
Ова е клучниот модул на Академијата кој се надоврзува на претходните модули, ги комбинира знаењата и гради профил на личност која ќе знае како да анализира, обработува и донесува заклучоци за различни видови/типови на податоци.
Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?
Предвидување во секој домен (предвидување на продажба, препознавање на говор, препознавање на слики, превод, медицински дијагнози, автономни возила).
Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?
Од аналитичар до експерт во машинско учење (data analyst, data scientist, machine learning engineer, data engineer).
Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот?
Секоја недела се изработува предизвик/мини проект кој ја опфаќа тематиката од самата недела.
Уписите за следната група на Академијата за Data Science се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!