Креирањето на наставната програма на Академијата за графички дизајн, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Creative Thinking, каде се учат решенија за креативна комуникација со клиенти, што треба да ги совлада секој кој сака да стане графички дизајнер.

Дијана Димитриевска е нашиот инструктор на Академијата за графички дизајн, а воедно и team lead на дизајн тимот на Brainster, којa го предава модулот Creative Thinking и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Creative Thinking:

 

Што се изучува на модулот Creative Thinking?

Во модулот Creative Thinking се работи на решение за креативна комуникација за (соодветен) клиент со користење на тимски brainstorming техники. Mодулот се состои делумно од предавањa за маркетинг, интегриран advertising, канали за комуникација, психoлогија на потрошувач во комбинација со тимска работа на бриф за клиент, истражување, дискусии и игри низ кои тимовите генерираат можни комуникациски решенија, како и индивидуална работа на визуелно решение.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Creative Тhinking e тимски ефорт, а тимскиот ефорт е многу полезен во оваа професија. Отвореноста за соработка и дискусија се клучни состојки за да порасне една идеја.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Во овој модул се практикува: истражување, тимска работа, работа на бриф, градење персона на потрошувач, работа на комуникација/визуелно решение.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Креативно и критичко размислување при позиционирање на одредена визуелана референца е основен mindsеt на дизајнер.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по завршување на модулот? 

Во овој модул се работи на еден реaлен проект. Начинот на работа е симулација за работа во дизајн студио или агенција. По завршување на модулот, студентите ќе знаат: како се врши истражување, како да работат во тим, да изготват бриф со сите потребни информации, да изградат персони на потрошувачи и визуелни решенија.

 

Уписите за следната група на Академијата за графички дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!