Со цел да го подобриме искуството на студентите од Академијата за UX/UI дизајн, организиравме 48 часовен Хакатон, на кој студентите имаа можност да работат на реален проект за реален клиент и да ги искористат сите стекнати знаења и вештини од предавањата.

Студентите работеа напорно на овој проект и успешно се справија со предизвиците и роковите, а нивната задача беше да изработат website со online shop кој е лесен за одржување и апдејтирање од страна на клиентот, а возбудлив, корисен и едноставен за користење за клиентите за модниот бренд ZANOV.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она на Елена Петроска, Македонка Ефтимова, Миријам Јаневска и Златка Саздова.

Елена, Македонка, Миријам и Златка се студенти на нашата Академија за UX/UI дизајн, а воедно и едни од студентите кои покажаа одлични перформанси, голема мотивација и амбиција, и резултираа со успешно сработен проект.

 

Во продолжение си поразговаравме со тимот за нивниот реален проект и искуството на Хакатонот

 

 

Раскажете ни нешто повеќе за вашето финално решение. Кој беше процесот за да се стигне до крајниот резултат?

Крајното решение кое ние го понудивме е сплет на музејска галерија со продавница за облека. Идејата зад ова е корисникот подобро да го разбере процесот на работа на дизајнерот, како брендот функционира, што тој нуди, да може директно да купи парче од музејот или да закаже директна средба со дизајнерот. Она што ни беше на ум низ целиот процес беше фокусот на барањето на клиентот, но и крајното решение да е лесно за употреба од страна на клиентот како и од страна на самите корисници кои ќе го посетуваат сајтот. 

Бидејќи темата за нас претставуваше возбудлив сплет на мода и дизајн, па така се водевме исклучиво по резултатите од сите анализи кои ги направивме во текот на процесот. Тоа се состоеше од интервјуа со испитаници, креирање на user persona, user mapping, user journey и детално согледувајќи ги сите предизвици кои може да се појават при користење на сајтот од страна на потенцијалните корисници. Како последно, направивме и user testing за да можеме со сигурност да ги имплементираме идеите врз дизајнот како и да направиме корекции на истите со цел за подобро крајно решение.

 

Како се одвиваше целата соработка и кои беа барањата од страна на клиентот?

Уште од самиот почеток на работење и од првото интервју, имавме одлична комуникација и соработка со клиентот. Мотивацијата и отвореноста на клиентот да разговара со нас, ни помогнаа да го запознаеме него како личност, неговиот бренд, мисијата и целите, како и очекувањата за тоа како би изгледало финалното решение. Барањата беа да се издизајнира веб сајт (заедно со e-shop), којшто ќе биде лесен за одржување и апдејтирање од страна на клиентот, а ќе биде возбудлив, корисен и едноставен за користење.

 

Вашата задача беше да изградите Website со Online Shop за модниот бренд ZANOV. Од каде ја црпевте инспирацијата?

Клиентот јасно ни го објасни процесот на неговата работа, неговата испирација, па оттаму дојде и нашата инспирација. Најмногу инспирација добивме од самите креации на дизајнерот, материјалот на истите, моделите кои ги носат парчињата како и од самите фотосесии. Како помошни сајтови ги користевме и оние кои самиот клиент ни ги посочи, со тоа што внимававме да ги задоволиме, но и да ги надминеме неговите барања и очекувања како и потребите на корисниците кои спаѓаат во нашиот опсег.

 

 

Кои техники, алатки, методи се употребени за овој проект?

Како што знаеме, еден проект е успешен доколку успееме да ја разбереме приказната која клиентот сака да ја пренесе. За таа цел ги ислушавме неговите барања и спроведовме корисничко истражување. Користевме квалитативно и квантитативно истражување каде што собиравме податоци како корисниците купуваат, кои се нивните слабости при физичко купување, кои се нивните слабости при онлајн купување итн.

Исто така, клучно е да се има добра комуникација и слога во тимот, како и многу brainstorming сесии, што придонесе за уште подобра комуникација и разбирање во тимот. Од алатки, работевме во Фигма, каде што има одлична опција за повеќе луѓе да работат на ист фајл, со што успеавме заедно да работиме и да комуницираме преку Zoom платформата, истовремено.

 

Како успеавте да се соочите со предизвиците, притисокот од рокови, а притоа да креирате едно функционално решение?

За нас како тим, соработката, отворената комуникација и јасно зацртаните цели беа најважни во креирањето на позитивна работна средина, и покрај роковите. Знаевме дека имаме малку време, а многу работа и сите бевме спремни да преземаме обврски и да си помагаме меѓусебно, за да одржиме еден континуиран тек на работење. 

 

Какво беше чувството да се работи на еден ваков забавен и интересен проект? 

Овој проект беше еден од највозбудливите и предизвикувачки проекти кои досега сме ги работеле, а за тоа да се случи беше заслужен тимот каде што сите бевме усогласени и менторот кој ни помагаше да ја согледаме големата слика на истражувањето и колку може да ни е од корист. Сметаме дека од овој проект научивме многу нови работи кои ќе допринесат успех во нашето поле.

 

И за крај, што би ни кажале за работата на реални проекти со реални клиенти и можноста за искористување на теоријата во пракса? 

Одлична можност, не само кариерна, туку можност со помош на која можеме сами да се осознаваме како функционираме и работиме како дизајнери, какви тимски играчи сме, но и со какви тимски играчи сме опкружени. 

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!