Креирањето на наставната програма на Академијата за дигитален маркетинг, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – Marketing Fundamentals кој претставува основа што треба да ја совлада секој кој сака да стане дигитален маркетер.

Ива Дујак е нашиот инструктор на Академијата за дигитален маркетинг која го предава модулот Marketing Fundamentals и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за Marketing Fundamentals:

 

Што се изучува на модулот Marketing Fundamentals?

Основи на маркетингот – клучни концепти и термини кои секој маркетер мора да ги знае.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

Модулот Marketing Fundamentals поставува начин на размислување како маркетер, запознава со основните идеи и концепти на маркетингот и со тоа поставува цврста база за надградување во секој друг сегмент од маркетингот.

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Практична примена има во секој сегмент од работењето – од осознавање на потреба за креирање на производ/услуга, до нејзино промовирање и продавање.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Маркетинг директор, маркетинг менаџер, секое работно место поврзано со маркетинг.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот Marketing Fundamentals? 

Во склоп на модулот се развива скратена верзија на Маркетинг Микс и презентација за пласман на нов производ на пазар.

 

Што ќе научат студентите по завршување на Marketing Fundamentals?

По завршувањето на модулот, студентите се теоретски запознаени со основите на маркетингот и имаат почетно практично искуство во развивањето на маркетинг концепти.

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето на време!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!