Креирањето на наставната програма на Академијата за Software Testing, се базира на постојана анализа и следење на последните ИТ и дигитални трендови во индустријата и пазарот на труд. Исто така, програмата константно ја подобруваме врз основа на постојаниот фидбек од искуството на студентите и евалуациите за нивната успешност.  

Во оваа блог објава, ќе се запознаете со модулот – REST API Testing, каде се учи основата за разбирање на REST API тестирањето и функционалноста на алатката Postman, што треба да ги совлада секој кој сака да стане софтвер тестер.

Моника Божиноска е нашиот инструктор на Академијата за Software Testing, којa го предава модулот REST API Testing и ќе ви открие што точно претставува овој модул и која е неговата важност.

 

Во продолжение, одговори на најчесто поставуваните прашања за REST API Testing:

 

Што се изучува на модулот Manual Testing?

Основно разбирање на REST API тестирање со помош на Postman алатката.

 

Зошто е важно да се изучува овој модул?

На овој модул, студентите ќе се запознаат со API концептот. Ќе научат многу функционалности на алатката POSTMAN со практични примери, процесот на автоматизација на тестирање на API, како и со концептот на тестирање управувано од податоци (data-driven testing).

 

Која е практичната примена на модулот во секојдневниот живот?

Ќе ја разберат практичната моќ на API, односно ќе се запознаат детално со она со коешто се опкружени во секојдневието. На пример, како се логираат со нивните Facebook или Google акаунти на други апликации, како во секое време можат да ја проверат временската прогноза на својот уред и уште многу други примери од реалниот живот.

 

Кои се кариерните можности на еден професионалец во овој домен?

Разбирање на концептот на размена на податоци помеѓу различни апликации и услуги, со кои сме опкружени во нашиот секојдневен живот.

 

Каков тип на предизвик или проект се изработува во склоп на модулот и што ќе научат студентите по неговото завршување?

Практична работа и примери во склоп на секој час од модулот. Примери како да се изведе API тестирање со помош на Postman алатката која нуди директен и едноставен начин на тестирање на API, проверка на функционалноста, детектирање и поправка на бројни проблеми во рана фаза.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Related Stories For You