Работата на реални проекти и Хакатони е од непроценливо значење за студентите од Академијата за Software Testing.

Со цел да го доближиме искуството на студентите до реалното искуство во работна средина, го организиравме овој 48 часовен Хакатон каде имаа можност да бидат дел од едно интересно искуство кое е од огромно значење за подобрување на нивните вештини и им покажа како е да работат тимски, под притисок, натпреварувајќи се помеѓу себе.

На овој Хакатон учествуваа вкупно 38 учесници кои беа поделени во 19 парови. Паровите беа мешовито составени од две различни групи на Академијата за Software Testing

Со цел да ги мотивираме, но и да го разбудиме во нив компетитивниот дух за најдобриот пар студенти обезбедивме награда – карти за учество на реномираната регионална конференција за софтвер тестери SEETEST 2022.

Проектот којшто се работеше на овој Хакатон е BRAINSTERPRENEURS интерна платформа за соработка помеѓу студентите на Академиите и поттикнување на претприемачкиот дух помеѓу нив.

Студентите од Академијата за Full-Stack ги изработија индивидуално своите проекти, согласно барањата на соодветната академија и ги доставија до студентите од Академијата за Software Testing, подготвени за тестирање.

 

Во продолжение прочитајте што ни раскажа победничкиот пар за целиот процес на работа и атмосферата на Хакатонот

 

 

Здраво дечки, честитки на вашето победничко решение. Ние на Академијата за Software Testing ве познаваме, но што би споделиле за останатите?

Борче: Јас сум Борче Гајдов од Велес, дипломиран професор по англиски јазик и студент на Академијата за Software Testing. За себе можам да кажам дека сум личност која сака нови предизвици и учењето на Академијата за Software Tester беше токму тоа. 

Ѓорѓи: Јас сум Ѓорги Ќајев од Гевгелија, студент на Академијата за Software Testing. Голем предизвик ми беше да се запишам на оваа Академија, но сепак ја донесов вистинската одлука.

 

Како се одвиваше целиот процес на работа? 

Уште на самиот старт, си ги поделивме тасковите, се разбира, се договоривме подеднакво и самостојно да продолжиме со работата и во одредени термини се консултиравме и надополнувавме. Првиот ден главно ги пишувавме тест кејсовите и коригиравме грешки во нив, додека пак вториот ден се концентриравме на bug-репортите и презентацијата на самиот проект. Пред финалната презентација, извршивме преглед на сработеното и заедно одлучивме кој тест кејс и bug-репорт ќе ги презентираме.

 

Кои беа барањата на клиентот?

Барањата на клиентот беа да се истестира функционалноста на веб-страница која би функционирала како платформа за соработка помеѓу студенти на Академијата. Нашата задача беше преку мануелно тестирање да провериме дали веб-страницата функционира како што е замислено, и исто така да ги пријавиме сите багови кои би ги нашле во текот на тестирањето. На крајот од презентацијата, додадовме и едно мислење за подобрување на самата веб-страница коешто би било корисно за секој кој ќе ја користи.

 

Со кои предизвици се соочивте?

Самиот проект беше прилично интересен и веднаш наидовме на неколку проблеми. Со фактот дека ни беше прво искуство и на двајцата, се концентриравме на дотогаш наученото од Академијата и веднаш си дадовме правец како да продолжиме и како да ги надминеме следните предизвици. Главниот предизвик беше сѐ тоа што го најдовме како баг на проектот да биде јасно објаснето и прецизирано во bug-reports, за да може секој да сфати што е всушност проблемот и како тој проблем може полесно да се надмине.

 

 

Што сѐ беше потребно за вашата финална презентација да биде победничко решение?

Имаше неколку работи кои беа од круцијално значење за успешна победничка презентација. Како најглавно, би одвоил дека е упорноста и решителноста да се сработи добар проект. Земено предвид, фактот дека работевме во тимови од двајца, добрата комуникација и тимска работа беше исто така еден од главните фактори за проектот да биде успешно финализиран. Тие 48 часа, имавме супер комуникација, одлично си ја поделивме работата уште од самиот старт и имавме редовни состаноци на кои го проверувавме прогресот и проблемите кои сме ги имале до тој момент.

 

Какво беше вашето искуство од овој хакатон? Што најмногу ви остави впечаток?

Хакатонот е одлично искуство бидејќи имаме реален проект кој ни дава одлична припрема за тоа каква е всушност работата и што се очекува од нас како софтвер тестери. Можеш самиот да видиш до каде си всушност стасан со материјалот којшто си го учел претходно и колку си всушност спремен за навистина да го работиш ова и да започнеш нова професија. Исто така, впечаток остава работата под некој позитивен притисок, бидејќи знаеш дека имаш одредено време да ја сработиш зададената задача и мораш да бидеш одлично организиран и да знаеш што е приоритет, а што не.

 

И за крај, најважната лекција што ја научивте на Академијата за Software Testing?

Најважната лекција би било дека никогаш не е доцна да се научи нешто ново. Без разлика од која професија доаѓате, Brainster и Академијата за Software Testing e одличен избор ако сакате промена во професијата, ако имате желба да почнете да работите во IT светот или ако само имате желба да научите нешто ново. Сѐ што е потребно е само желба за напредок и волја да се најде начин да се решат проблемите.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!





Како до 1.000.000€? 🤫