Студентите зборуваат за искуството – Моника Кузманова

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Моника Кузманова – алумни студент на нашата Академија за дигитален маркетинг за нејзиното искуство и како таа си помина на предавањата.
Здраво Моника, ние веќе те познаваме, но како би се претставилa на останатите, која е Моника?
Здраво јас сум Моника, завршив како студент на Академијата за Дигитален Маркетинг во Brainster. За себе би кажала дека по природа сум аналитичар и знам подлабоко да навлегувам во работите, понекогаш и ми смета тоа – joking. 😆 Book Lover, слободното време го поминувам во fitness center, hiking, jogging и уживам во природата.
Како изгледаше еден твој регуларен ден на Академијата за дигитален маркетинг како студент?
Динамичен, интересен, практичен и секако корисен.
Омилен модул и зошто?
Омилен модул, SEO – Search Engine Optimization. Некако се издвојува од другите модули и сметам дека за секоја компанија и за секој бизнис – добрата оптимизирана веб-страница е од голема важност.
Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
За Brainster би кажала дека е добро-организиран тим од професионалци, врвни инструктори со голема посветеност кон студентите кои со задоволство го пренесуваат своето знаење.
Дигиталниот Маркетинг знаеме дека веќе е неопходен за секој бизнис. На идните студенти би им препорачала да бидат одлучни и да ја направат својата кариерна трансформација, да бидат упорни за професијата што сакат да ја работат. Секоја промена е убава и води кон напредок, надградување, развивање и успех.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Па, има повеќе моменти, ама би издвоила еден момент кога групно работевме на изработка на маркетинг стратегија на реален проект и решавање на проблемите. Проектот го сработивме успешно, изгледаше перфектно, дружбата беше убава и имаше компатибилност – тоа е моментот којшто ќе го паметам и чувството на задоволство за сработеното.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
Најважната лекција што ја научив од предавањата е дека љубопитноста, упорноста и желбата за успех секогаш водат кон остварување на целта, а предизвиците и проблемите постојат за да ги решиме и совладиме.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Себеси во иднина се гледам како SEO professionalist.
Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!