Студентите зборуваат за искуството – Елена Петровска

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Елена Петровска – студент на нашата Академија за Project & Product Management за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.
Здраво Елена, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Елена?
Јас сум Елена Петровска, доаѓам од невладиниот сектор каде работам за организација и мрежи кои се бават со унапредување на човековите права на маргинализирани заедници на граѓани. По професија и академско образование сум туризмолог и одредено време од мојата кариера работев во областа на destination management. Но, со текот на годините, преку неформално обрзование и едукации, започнав да реализирам различни мои интереси и имав можност да работам на различни работни места, во различни тимови што ми даде знаење да водам процеси и проекти.
Слободното време најчесто го користам да се релаксирам со пријателите, или пак да си посветам време на себе, и да се одморам. Она што после пандемијата најмногу ми недостига се патувањата, па се надевам дека во следниот период почесто и ќе патувам.
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за Project & Product Management како студент?
Регуларниот ден можам да кажам дека најчесто е хектичен, но секако се состои од повеќекратно слушање на лекциите од модулите на Академијата, разгледување на пишаните материјали, консултирање со колегите со кои сме заедно запишани на оваа Академија. Секако, кога имам повеќе време се посветувам и на дополнителните материјали кои ни ги обезбедуваат предавачите со цел да навлезам подлабоко во материјата. А, кога не е регуларен ден и кога е прилично хектичен, тогаш најчесто се слушам со колегите и учиме заедно што ми е особено интересно и многу ми помага.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
Со оглед на тоа што сум скоро на половина од Академијата, би ги издвоила модулите за Основите на Agile и Scrum и модулот за Буџетирање и Project scheduling. Ги избрав овие затоа што сметам дека е нешто ново кое досега не сум имала можност да го учам, или нешто што ми било познато, а не го работам на таков начин. Буџетирањето ми е „слабост“ па овој модул ми понуди повеќе знаења и перспективи кои можам да ги употребам и во мојата секојдневна работа.
Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
Академијата е за оние луѓе кои би сакале да научат нешто ново и да ја унапредат својата моментална кариера или пак за луѓе кои доаѓаат од различни позиции и области, но би сакале да ја променат целосно кариерата. Академијата бара посветување и време, но ако ја гледаме како инвестиција во себе би кажала дека неминовно допринесува кон учење на практични работи кои се применливи во најразлични области и даваат еден поширок спектар на унапредувања. Би ја препорачала секому кој има визија за себе дека сака да ги унапреди своите вештини и знаења за да може да напредува и да се вклучи во нови работни текови.
Исто така, би кажала дека Академијата е погодна и за сите оние кои би сакале да работат на свои проекти (идеи за стартапи, своја фирма, или пак само проектни идеи). Мене лично, времето поминато на Академијата ми е интересно и квалитетно поминато време.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Дефинтивно би издвоила тука неколку работи, како на пример: тимската работа, хоризонталниот начин на делување, демократското одлучување во целиот процес (и со одговорните од Бреинстер, но и во тимовите), можноста да запознаам поиновативен начин на учење.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
Ако не растат сите од тимот, не напредува ни тимот.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Можеби како подолгорочна визија би рекла дека е отворање на мал сопствен бизнис, и секако, ангажираност на различни начини во социјални движења.
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!