Студентите зборуваат за искуството – Илинка Стојкова

Во оваа блог објава, си поразговаравме со Илинка Стојкова – студент на нашата Академија за човечки ресурси за нејзиното искуство и како таа си поминува на предавањата.
Здраво Илинка, ние веќе те познаваме, но како би се претставила на останатите, која е Илинка?
Јас сум Илинка Стојкова, имам дипломирано психологија на Филозофскиот факултет – Скопје. Од пред 3 ипол години, живеам и работам во Минхен, Германија. Моето досегашно професионално искуство е во областа на детска и младинска психологија, но желбата кон HR се роди уште за време на студентските денови. Страста за да им помагам на луѓето и да ги водам во процесот да ја најдат совојата животна професија ме доведе овде! Но, кога желбите не се само желби, туку и цели на кои работиме за да ги оствариме, тогаш дефинитивно стануваат реалност!
Како изгледа еден твој регуларен ден на Академијата за човечки ресурси како студент?
Чувството да си повторно студент е навистина прекрасно. А, овој пат хибридното учење ми дава голема флексибилност, кое дефинитивно ми овозможува да учам и комплетно да ги следам часовите и покрај далечината и другите работни и приватни обврски. Благодарност до целиот тим на Brainster, менторите и секако колегите кои ми го вратија тоа чувствто. Навистина многу е важна организацијата, тоа значи дека не учам само еден ден, туку секој ден по 1-2 саати, за да можам до live часот да го имам поминато целиот материјал кој бил предвиден за неделата. На тој начин сум спремна за дискусија, прашања и решавање на проблеми од секојдневниот бизнис свет кои ги добиваме како примери на live часовите.
Кој е твојот омилен модул и зошто?
Со оглед на фактот што досега имаме поминатно само неколку модули, имам мал избор, но ако морам да изберам тоа е Модул 2 – Регрутација, селекција и онбординг на вработени. Зошто? Па, затоа што додека го слушав имав прилика и практично да го доживеам не само на Академијата туку и со моето вработување во регрутација. Па, беше навистина одлично што паралелно и со Академијата, а и на работа го доживував онбордингот, а и учев техники кои дефинитивно сега ми помагаат во лоцирањето и барањето на талентите.
Што би раскажала за Академијата на некој што сака допрва да се запише и да започне кариера во оваа сфера?
Би ги охрабрила сите кои нормално сакаат да го запознаат HR светот и да ја имаат една од најпопуларните професии на денешницата да го направат тоа. Апсолутно е област која нуди можност многу да истражувате, да го развивате вашиот потенцијал, како и да влијаете позитивно на пазарот на труд. Ако сакате да учите од врвни наши професионалци со долгогодшно проверено искуство, тогаш да се запишете на Академијата за Човечки Ресурси е првиот чекор што треба да го направите.
Момент од Академијата кој засекогаш ќе го паметиш?
Верувам во тоа дека како и досега така и до крајот на Академијата ќе имам уште многу моменти за паметење, но ако морам да издвојам неколку тоа се часот со Mock интервјуто со Миклос Бласко во Модул 2 и часот со role plays и case studies во Модул 3.
Најважната лекција што ја научи на предавањата?
Предавањата се навистина искуствени, како што учам од менторите, така учам и од колегите и нивните искуства. Ако треба да издвојам една работа, тоа би било дека еден од условите за да бидеме одлични менаџери на човечки ресурси е да ги имаме соодветните вештини и алатки, а токму тоа и го добиваме со Академијата.
И за крај, каде се гледаш себеси во иднина?
Се гледам како успешен HR професионалец на лидерска позиција 😊
Уписите за следната група на Академија за Човечки Ресурси се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!