Во оваа блог објава, ќе ги запознаете Елена, Кристијан, Елена, Стефан, Даниела, Филип и Маријан, едни од најактивните студенти на нашата Академија за Full-Stack програмирање, а воедно и оние коишто покажаа голема страст и посветеност кон материјата за време на предавањата.

Како дел од програмата на Академијата за Full-Stack програмирање, студентите имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент. Овој проект го работеа како завршен, со што ја комплетираа програмата и ја завршија со одличен успех Академијата.

Студентите имаа задача како завршен проект да работат на реалниот проект BRAINSTERPRENEURS.

Станува збор за интерна платформа за соработка помеѓу студентите на Академиите и поттикнување на претприемачкиот дух помеѓу нив.

 

Си поразговаравме со студентите од Академијата за Full-Stack програмирање за нивното искуство при работа на овој реален проект

 

Здраво колеги! Кажете ни нешто за себе. 🙂 

Елена Јовановска – Одговорна и организирана личност предводена од амбиција и желба за напредок преку стекнување на нови знаења и искуства. Секогаш спремна за кооперација и тимска работа, отворена за критики и совети за натамошно надградување. 

Кристијан Стојчев – Креативна и компетитивна личност која се одлучи своите амбиции да ги пренасочи кон програмерскиот свет. Секогаш посветен и подготвен за нови предизвици.

Елена Зимбакова – Исклучително одговорна, самокритична и организирана личност, способна да се фокусира на мали детали и секогаш отворена за нов предизвик. Подготвена за учење нови работи, стекнување нови вештини и подобрување на вештините што веќе ги поседува.

Стефан Рубелов – Самокритична, креативна и организирана личност, ужива во решавање проблеми и пронаоѓање на алтернативни решенија. Секогаш отворен за учење на нови вештини и способности.

Даниела Икономова –  Здраво, јас сум Даниела. За себе можам да кажам дека сум љубопитна и многу одговорна личност. Во слободно време сакам да истражувам нови работи во светот на програмирањето, или да читам некоја книга.

Филип Апостолоски – Постојаното подобрување на себе и својата работа е нешто кон коешто сум секогаш насочен, како и давање поддршка за истото на луѓето во мојата околина. 

Маријан Каровски – Објективен, упорен и одговорен во работата. Секогаш спремен за надградба на себе и за нови предизвици.

 

 

Зад вас се неколку месеци напорна работа, многу посветеност кон материјалот, работа на неколку проекти, меѓу кои особено се истакнува завршниот проект со кој ја комплетиравте програмата. Честитки за вашата истрајност. Како работата на реален проект ви помогна да ги развиете своите вештини?

Практичната работа на реален проект е најдобар начин да го примениме целото стекнато знаење од Академијата во реалноста. Ни помогна да спознаеме како изгледа да се работи на еден проект од почеток до крај и нѐ насочи да размислуваме за можните проблеми и решенија. Станавме посигурни во себе, знаеме како да ги искористиме своите вештини и не се плашиме да го искажеме своето мислење.

 

Споделете ни повеќе информации за проектот? Која е идејата?

Проектот служи за соработка помеѓу студентите на Академиите во Brainster и поттикнување на претприемачкиот дух помеѓу нив. Секој студент ќе може да се регистрира, да креира проект и да избере луѓе од различна Академија кои би му биле потребни за завршување на проектот. На оваа понуда ќе може да аплицираат останати регистрирани студенти на кои им се допаѓа идејата и би сакале да бидат дел од нејзината реализација.

 

 

Раскажете ни како се одвиваше целиот процес и соработката?

Како и секој проект и овој започна со брифинг од клиентот. Веднаш ни беше јасно дека ова ќе ни биде најголем предизвик досега на Академијата. За полесно да си го организираме времето ни беше доставена една временска рамка според која се водевме. Во текот на процесот на решавање имавме неколку средби со клиентот, со цел да ги разрешиме сите проблеми со кои се соочувавме и да ни се дадат дополнителни насоки. Сè ова ни помогна да го завршиме проектот во даден рок и со голем успех.


Кои беа барањата од вас и целите што требаше да се исполнат?

Барањето беше да се креира платформа која на студентите од Академиите на Brainster ќе им овозможи да го поттикнат својот претприемачки дух. Целта на платформата е доколку некој студент има идеја за проект, да ја објави истата, да наведе какви соработници му се потребни и секој што одговара на барањата може да се пријави за соработка на проектот. Нашата цел беше да се изработи едноставно, практично и привлечно решение во облик на веб-страница каде што корисникот лесно ќе дојде до соработници за својот проект.

 

 

Од каде ја црпевте инспирацијата и со кои алатки и техники се служевте за да стигнете до финалното решение?

Најголема инспирација беше самиот предизвик којшто стоеше пред нас, да се изработи целосно функционална веб апликација која ќе биде практично решение за процесот на соработка помеѓу студентите. За таа цел ги користевме сите технологии и алатки кои беа опфатени во програмата на Академијата.

 

Што ве мотивираше да започнете да градите кариера во светот на програмирањето?

Да се гради кариера во светот на програмирањето претставува можност да се работи на развој на решенија кои можат многу да придонесат кон подобрување и олеснување на најразлични процеси во секојдневниот живот и работата на луѓето. Да се биде дел од такви проекти е најголемата мотивација.

 

Најважната лекција што ја научивте до сега од предавањата?

Најважната лекција што ја научивме сите е да си помагаме, да не се откажуваме и меѓусебно да се мотивираме. Научивме и дека со голема работа, упорност и посветеност и она невозможното станува возможно.

 

Уписите за следната група на Академијата за Full-Stack програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Како до 1.000.000€? 🤫