Потрагата на Brainster по супер таленти во кои вреди да се инвестира и кои со своето знаење можат да го променат светот, официјално заврши успешно!
Секој кој сакаше да го надгради своето знаење имаше можност да освои ваучер за некоја од Brainster Академиите и да биде дел од успешните приказни на нашите алумни кои започнаа кариери во професиите на иднината.
Со таа цел беше создаден проектот наречен Ваучери 2.0 што содржеше тест каде учесниците имаа можност да се натпреваруваат за да добијат вредносни ваучери до 2.500 евра и да ги искористат за лансирање на нова кариера.
Нашата цел беше да ги пронајдеме оние кои беа доволно мотивирани за успешно да се соочат со предизвикот и да зачекорат во ИТ или дигиталната индустрија, и на истите да им пружиме поддршка уште од самиот почеток.
Сакаме да се заблагодариме на сите учесници во овој проект и да им честитаме што покажаа извонредни резултати.
*Доколку уште немаш проверено, провери и дознај дали си добитник на ваучер кој можеш да го искористиш за да започнеш нова кариера.
Ова се добитниците на Brainster Ваучер кој ја покрива целата цена на чинење на Академијата:
- Марко Ивановски – Академија за Full-Stack програмирање
- Александар Спасиќ – Академија за графички дизајн
- Анабела Димоска – Академија за дигитален маркетинг
- Давид Петковски – Академија за Front-End програмирање
- Ивона Данаилова – Академија за Project & Product менаџмент
- Матеј Драгановски – Академија за Data Science
- Сандра Зафиров – Академија за UX/UI дизајн
- Сандра Богдановска – Full-Stack HR Академија
- Теодора Димовска – Академија за Software Testing
Си поразговаравме со учесниците за нивното искуство на овој предизвик
Сандра Зафиров – Академија за UX/UI дизајн
„Здраво! Јас сум Сандра Зафиров, имам 24 години и моментално дипломирам на катедрата „Превод и толкување“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во слободно време сакам да патувам и да гледам серии. За мојот кариерен пат можам да кажам дека не се гледам во професијата на која дипломирам, а токму затоа и се одлучив за Академијата за UX/UI дизајн.
Самата понуда – бесплатна академија на проектот Ваучери 2.0 е доволно мотивирачка. Не може секој да си ја дозволи, но сепак Brainster има решение за сè. Од друга страна ми дојде во најпогоден момент, баш кога се одлучив да го сменам мојот кариерен пат. Пред 2 месеци бев на воведен курс за UX/UI дизајн и тогаш открив дека оваа професија ми е интересна и би сакала да градам кариера тука. Оттогаш имам прелистано многу сајтови, а почнав да ја читам и книгата на Дон Норман – The Design of Everyday Things.
Чувството да бидам еден од добитниците на ваучер е НЕВЕРОЈАТНО. Навистина не очекував дека баш јас ќе бидам добитничка, но утрото скокнав од кревет и не можев да си поверувам. По неколку препораки и веќе долго време разгледување на оваа Академија моите очекувања се навистина големи. Brainster е познат по добрата организација и квалитетни ментори, а многу се радувам и на работата на реални проекти.“ – ни сподели Сандра
Ивона Данаилова – Академија за Project & Product менаџмент
„Јас сум Ивона Данаилова. Веќе 9 години работам како специјалист за маркетинг и продукт менаџмент во електро-индустрија. Имам солидно познавање од ИТ и се обидувам да бидам во тек со актуелните трендови. Во слободно време учам странски јазици, планинарам и поминувам време со фамилијата.
Да учествувам во проектот Ваучери 2.0 ми беше дополнителна мотивација за започнување на Академијата. За тестот не се подготвував посебно. Само одбрав мирен период од денот за да бидам што е можно пофокусирана. Моите очекувања од Академијата за Project & Product менаџмент се да стекнам практични искуства и да разменам знаења со професионалци од областа.“ – ни сподели Ивона
Давид Петковски – Академија за Front-End програмирање
„Здраво! Јас сум Давид и учам во Раде Јовчевски-Корчагин. Годинава сум матурант, па се надевам од октомври и студент на ФИНКИ. Хоби ми е гејминг, а уште од многу мал сон ми е да станам програмер, па се надевам дека оваа Академија за Front-End програмирање ќе ми помогне да си го остварам тој сон.
За да учествувам во проектот Ваучери 2.0 ме мотивираше желбата да го проширам моето знаење во web development и најважно да развијам програмерски mindset. Се чувствував спремно да одговорам на предизвикот и да го решам тестот. Исто така, бев многу изненаден кога видов дека сум еден од добитниците на ваучер, бидејќи воопшто не очекував да остварам ваков резултат.“ – ни сподели Давид
Марко Ивановски – Академија за Full-Stack програмирање
„Здраво на сите! Јас сум Марко Ивановски, ученик сум во гимназијата „Орце Николов“ и сум 4та година. Обожавам да возам велосипед во моето слободно време. По завршување на средното образование планирам да продолжам да студирам на ФИНКИ како софтверски инженер. Отсекогаш сум бил заинтересиран за програмирање и сакам да стекнам дополнителни знаења и искуства во оваа област, затоа и аплицирав на проектот Ваучери.
За решавање на тестот се подготвував така што вежбав и гледав онлајн видеа за програмирање. Многу се израдував кога дознав дека сум еден од добитниците и сум многу благодарен што можам да бидам дел од програмата на Академијата за Full-Stack програмирање. Очекувам да стекнам повеќе искуство и знаење за основните концепти на програмирањето.“ – ни сподели Марко
Анабела Димоска – Академија за дигитален маркетинг
„Се викам Анабела, имам 19 години и неодамна ги прекинав студиите на Машински факултет. Заклучив дека тоа не е за мене и сакам да направам трансформација кон дигитален маркетинг. Во слободно време учам да дизајнирам во Photoshop и водам инстаграм бизнис профил со над 5.000 следбеници.
Со академиите на Brainster сум запознаена уште од порано, но пред скоро време ја видов рекламата за Ваучери 2.0 програмата на инстаграм и одлучив да аплицирам, бидејќи сметав дека е одлична прилика за мене. Не се подготвував многу за тестот. Веднаш штом се одлучив да аплицирам, се сконцентрирав и почнав да го решавам тестот. Многу сум среќна и благодарна што сум дел од добитниците. Со нетрпение чекам да започнат студиите! На Академијата за дигитален маркетинг очекувам да се стекнам со многу знаење и искуства, што ќе ме донесат до успешна кариера, како и да ги проширам моите познанства.“ – ни сподели Анабела
Теодора Димовска – Академија за Software Testing
„Здраво! Јас сум Теодора од Охрид и сум дипломиран економист. Во слободно време уживам во квалитетен разговор со пријателите, прошетки во природа и покрај езеро. Имам огромна желба за учење на нови нешта и амбиција за поголеми успеси. Воедно програмирањето отсекогаш ми будело интерес, па се одлучив да преземам некаков чекор и да се исполнам и во тоа поле. Јас во секој случај планирав да се приклучам во Brainster, и кога видов дека постои овој проект решив да си ја пробам среќата, иако искрено немав никакви очекувања дека ќе го добијам првото место за што сум многу возбудена.
За тестот се подготвував со туторијали на Youtube за Software Testing и предавањата на Brainster. Многу ми е драго што го добив ваучерот, возбудена сум и со нетрпение го чекам почетокот на предавањата. Моите очекувања од Академијата за Software Testing се да добијам доволно знаења за во иднина да работам како Software Tester и понатака да можам дополнително да се надградувам во ова поле.“ – ни сподели Теодора
Александар Спасиќ – Академија за графички дизајн
„Јас сум Александар Спасиќ, студент на Архитектонскиот факултет во Скопје. Отсекогаш сум ја сакал уметноста и визуелното изразување, па затоа сум се испробал во многу техники, како традиционални така и дигитални. Уживам во добра музика, и ме исполнува процесот на креирање. Да аплицирам за Ваучери, најголема мотивација ми беше тоа што графичкиот дизајн е добра насока во која можам да се подобрам и за унапредување на моите лични способности кои можам да ги искористам за претставување на архитектонските проекти.
Не се подготвував за тестот, прашањата беа логички, делумно беа од општа култура, а делумно од светот на графичкиот дизајн за кој имам малку поранешно искуство. Супер е чувството да си добитник на ваучер, ова претставува одлична можност да ги подобрам своите способности и да научам подобро графички да се изразувам. На Академијата за графички дизајн очекувам да совладам некои програми за графички дизајн, но и да го научам процесот на креативно работење.“ – ни сподели Александар
Сандра Богдановска – Full-Stack HR Академија
„Здраво, јас сум Сандра! Имам 28 години, мажена, мајка на 1 дете. Моментално, вработена во приватна компанија за деловни податоци веќе 5 години како портфолио менаџер. Воедно сум дипломиран економист и магистер на оддел стратегиски менаџмент на човечки ресурси на УКИМ. Да учествувам во проектот Ваучери 2.0 ме мотивираше желбата да можам да го надградам и усовршам своето знаење, а и да совладам нови знаења и вештини, како и можноста да ми се отворат нови шанси и насоки за да најдам работа во оваа област.
Чувството да бидам еден од добитниците е неописливо, сѐ уште не ми се ни верува, посебно кога најмалку се надевав дека токму јас ќе бидам таа која ќе го освои ваучерот. Ова е голема шанса и можност за мене за унапредување на мојата кариера. Моите очекувања од Full-Stack HR Академијата се дека знаењето ќе го надградам и усовршам, а посебно што теоријата која сум ја изчувала на факултет ќе имам можност да ја применам и во пракса, а со тоа ќе научам и нови сегменти во овој дел. Најголемите очекувања од Академијата се дека ќе ми се отворат нови врати да го работам тоа што го сакам.“ – ни сподели Сандра
Матеј Драгановски – Академија за Data Science
„Здраво, се викам Матеј Драгановски и живеам во Скопје. Моментално сум студент на ФИНКИ бидејќи сметав дека најдобар избор за кариера за мене е ИТ секторот. Како поранешен репрезентативец на Република Македонија во планинско трчање и атлетика, слободното време најчесто го користам на планина или трчајќи. Сметам дека тоа што може Brainster да го понуди е реткост во овие простори и искрено немав некоја надеж да освојам било што, но сепак се решив да пробам и да учествувам во ваков несекојдневен настан, и премногу ми е мило што се одлучив на овој чекор.
Искрено, немав никакви посебни подготовки освен претходни минимални предзнаења околу бази на податоци и SQL. Уште не сум свесен околу целата ситуација, само ќе кажам дека ми е многу мило што имам добиено ваква шанса и се надевам дека ќе ја оправдам истата во текот на целиот курс. На Академијата за Data Science, главно очекувам добра соработка од страна на професорите, и истото го гледам како голема шанса за надградување на моите лични и професионални вештини.“ – ни сподели Матеј
Започнат e уписниот рок на Brainster Академиите.
Доколку сакаш да направиш кариерна трансформација или да ги надградиш своите знаења и вештини, одбери Академија и резервирај го свето место навреме!