DIGITAL MARKETING ACADEMY – HIGHLIGHTS 2022

Во почетокот на новата година, сакаме да ги споделиме најважните 9 моменти што се случија на нашата Академија за дигитален маркетинг во 2022 година:
- Запишани повеќе од 130 студенти, оформени 5 групи
Оваа година на Академијата за дигитален маркетинг се запишаа повеќе од 130 студенти коишто се одлучија да направат дигитална трансформација и да ги надградат своите знаења и вештини. Студентите напорно работеа и се трудеа навремено да ги завршат сите предизвици и продуктивно да го искористат времето за лансирање на нова кариера! Им посакавме среќа и лесен почеток на студентите од групите 32, 33, 34, 35 и 36 на Академијата за дигитален маркетинг.
- Се запознавме со новите студенти на Opening Networking настани
Во нашите простории се одржаа Opening Networking настани, каде што се запознавме со студентите од групите 34, 35 и 36 на Академијата за дигитален маркетинг. Студентите имаа можност да ги запознаат инструкторите, да дознаат повеќе за програмата и модулите кои ќе се изучуваат, како и да слушнат за искуствата на нашите алумни студенти и нивните успешни приказни!
- Успешно завршени реални проекти за реални клиенти
Како задолжителен дел од програмата на Академијата за дигитален маркетинг е работата на различни предизвици и реални проекти. Изминатата година, студентите имаа можност да работат на повеќе креативни реални проекти за реални клиенти, како за време на предавањата, така и за време на Хакатоните. Студентите работеа на:
- Content Marketing стратегија за Yes for less
- Digital PR стратегија за Донирај Компјутер
- Бренд стратегија за Винарија Виника
- Дигитална маркетинг стратегија за Daisy Family Rescue
- Победничко B2B решение за ШуМи Берово
- Победничко B2C решение за ШуМи Берово
- Дигитална маркетинг стратегија за ШуМи Берово
- Дигитална маркетинг стратегија за Common.mk
- Студентите активно учествуваа на Cross-Academy Хакатони
Brainster Академиите постојано соработуваат со партнерите за ко-иновации, а студентите преку работа на реални проекти за реални клиенти ги совладуваат најбараните дигитални вештини. Студентите работеа на Хакатони за проектите:
- Social Media & Brand Strategy за фестивалот When in Krusevo
- Social Media & Brand Strategy за BAK 2021
- Маркетинг стратегија за музички проект на Дани Димитриевска
- Се одржа најголемиот Brainster хакатон!
Повеќе од 125 учесници, поделени во 10 тимови, работеа напорно во нашите канцеларии и имаа една цел – за 48 часа да достават свои решенија за клиентот Redi Recycling. Со аплаузи, поддршка, многу позитивна енергија и смеа, студентите од 10 групи од Академијата за дигитален маркетинг, Академијата за графички дизајн, Академијата за UX/UI дизајн & Академијата за Project & Product менаџмент, ги презентираа финалните решенија и со тоа успешно се затвори најголемиот хакатон! Дознај повеќе!
- Посветеноста и трудот секогаш се исплатат!
Ги раскажавме приказните на: Нина Петрова, Љубенка Митревска, Теодора Анастасовска, Петар Прнарков, Доротеа Бреслиева, Данче Велева, Емилиа Костовски, Марија Донева, Давид Ристов, Кристијан Нафидов, Антониа Панова, Митко Белески, Филип Крстевски, Викторија Андонова, Димитар Тодоровски, Андреј Стефаноски, Јован Шојлевски, Елисавета Соколова, Алма Смаилова, Елисавета Мулева, Ана Вукашиновиќ Атанасовски, Боби Јончески и Ивана Данилова кои по завршувањето на нашата програма за дигитален маркетинг ги исполнија своите кариерни цели. Честитки за сите и продолжете да редите успеси!
- Одржан бесплатен онлајн курс Основи на Google Ads со Златко Матески
Рекламирањето на Google е главен извор на генерирање на traffic за многу компании. Сепак процесот на рекламирање е комплексен и полн со „стапици“. Во овие 2 дена имавме можност да научиме што претставуваат и како функционираат Google рекламите, кои се предностите пред останатите канали за рекламирање како и најбитниот дел – кои се клучните фактори за една успешна Google Ads кампања. Дознај повеќе!
- Збогатување на инструкторски тим
Секој од нашите инструктори е експерт во својата област со долгогодишно работно искуство, па со голема чест ви ги претставувавме новите инструктори на Академијата за дигитален маркетинг:
- Виктор Милевски – Digital Marketing Strategy
- Деница Бојаровска – Digital PR
- Вилијам Додевски – Lead Generation Strategy
- Воведување на бонус модул за Freelance
Изработивме видео курс „Фриленсерство и дигитален маркетинг – Како до кариера како фриленсер“ со поддршка на Impact Фондација. Остваривме соработка со нашиот долгогодишен соработник и инструктор Марко Ивановски, кој преку серија видео лекции им споделува на студентите од оваа академија повеќе за своето искуство, насоки, научени лекции од неговата неколкугодишна кариера како фриленсер.
Доколку сакаш да си дел од Digital Marketing заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2023 година, дознај повеќе за Академијата тука.
На Академијата за дигитален маркетинг учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти, под менторство на докажани и искусни инструктори.
Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!