Шест месеци исполнети со максимална посветеност, многу задачи, предавања, реални проекти и вежби поминаа многу брзо за студентите од Академијата за дигитален маркетинг. 

Со цел да ја комплетираат програмата, студентите од Академијата за дигитален маркетинг имаа задача да ги изработат своите завршни проекти и да изградат дигитални маркетинг стратегии.

Под менторство на нашите инструктори Ива Дујак, Марко Ивановски и Златко Матески, тие со максимална посветеност и многу труд работеа на реален проект за клиентот Шу-ми Берово.

Шу-Ми Берово е пчеларска фарма која постои повеќе од 150 години и се занимава со производство на органски мед и пчелни производи.

Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, а во едно од најдобрите три се најде и маркетинг стратегијата на Анета Димовска.

 

За задоволството од соработката, клиентот Шу-Ми Берово ни сподели:

Анета беше јасна кога ја изнесе својата предлог стратегија и убаво ја заокружи нејзината идеја. Таа понуди извонредни и креативни, online & offlinr активности. Користеше извонредни визуелни слики. Посебно ни се допадна предлогот за online играта „Пронајди ја кралицата“ бидејќи би сакале да ја играме секоја сезона во живо во пчеларникот.

 

Си поразговаравме со Анета за нејзината маркетинг стратегија и искуството на Академијата за дигитален маркетинг

 

 

Здраво Анета! Раскажи ни нешто повеќе за себе!

Здраво, јас сум Анета и доаѓам од Битола. По професија сум професорка, а по карактер амбициозна и креативна душа. Моето време го посветувам на истражување области во кои сакам и можам да дадам свој вреден придонес. Ја избрав Академијата за дигитален маркетинг затоа што сметам дека дигиталниот маркетинг е спој од креативност и значајна аналитика и сум љубопитна да учам и истражувам за оваа област.

 

Ти си еден од нашите студенти кои покажаа одлични перформанси на Академијата и изработи многу интересни и креативни проекти. Најпрво, како си помина на Академијата?

Запишувањето на Академијата беше дефинитивно една од најдобрите одлуки кои ги донесов во 2021. Структурата на предавањата дава можност за изучување теорија, за практични активности и разговор за темата. Сметам дека работата на реални проекти и примена на наученото во пракса е клучно за успех и на сите ни дава поттик континуирано да учиме и да сме подобри во иднина. Задоволство е да се биде околу луѓе кои се мотивирани да учат, споделуваат знаење и да напредуваат.

 

Со цел да ја комплетираш Академијата, имаше задача да изработиш завршен проект, маркетинг стратегија за Шу-Ми Берово. Раскажи ни повеќе за овој проект?

Завршниот проект беше вистински предизвик и во неговата структура сакав да инкорпорирам соодветни маркетинг елементи. По брифингот со клиентот веќе знаев во која насока ќе ја креирам маркетинг стратегијата. Шу-Ми Берово се пчеларска фарма која произведува органски мед и тие се залагаат нивните потрошувачи да добијат здрав и квалитетен производ на нивната трпеза. Сметам дека брендот Шу-Ми Берово има уникатна позиција на пазарот и може позитивно да влијае врз секојдневните здрави навики на луѓето. 

 

Која беше идејата зад проектот и целта што требаше да се постигне?

Имавме можност да се одлучиме дали ќе работиме на B2B или B2C стратегија. Јас се одлучив за B2C и работев на зголемување на brand awareness во нашата земја. Во овој проект, исто се осврнав на една многу важна тема, а тоа се пчелите. Се одлучив паралелно со зголемувањето на brand awareness да се подигне и свеста за популацијата на пчелите и колку се тие важни за нас.

 

Како изгледаше целиот процес и кои беа твоите задачи?

Процесот започна со брифинг од клиентот на кој имавме можност да дознаеме повеќе за брендот. Следуваа насоки од менторите кои ни дадоа поддршка во текот на развивањето на стратегијата. Првиот чекор беше истражување на пазарот и анализа на позиционирањето на брендот. Поставувањето на цели и насоки ми помогна да си креирам рамка во која подоцна ја развив креативата и аналитиката за овој проект.

 

Што би ни раскажала за атмосферата и чувството да се работи на еден ваков проект? Како течеше соработката со клиентот?

Задоволство е да се работи на проекти кои се развиваат околу производ како што е органскиот мед. Органското производство е застапено во нашата држава и заслужува голема афирмација и поддршка. Соработката со клиентот Шу-Ми Берово беше одлична. Можевме да ги контактираме за информации и добивме многу дополнителни материјали кои беа значајни за стратегијата.

 

И за крај, колку си задоволна од целиот овој процес на работа и работата на ваков вид на проекти, со кои оставаш импакт на целото општество?

Јас сум презадоволна од можноста за работа на реални проекти во текот на Академијата. Имавме можност да соработуваме со компании и брендови кои вредно работат на остварување на нивните цели. Модерното секојдневие нуди алатки кои дигиталниот маркетинг ги користи да таргетира одредена публика, а ние маркетерите сме тука да ги одбереме и имплементираме најсоодветните.



Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

Early Bird понудата на Академијата за дигитален маркетинг важи за упис до 15 август.

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!