Дигиталниот маркетинг нуди иновативност која никогаш не запира

Запознај го Петар Прнарков – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг кој направи кариерна трансформација и започна да работи како SEO & Google Ads Specialist во компанијата Thrasker.

Како еден од најпопуларните проекти на кои тој има работено е Победничката маркетинг стратегија за клиентот Common.mk

Си поразговаравме со Петар за неговото кариерно патување

Здраво Петар! Пред сѐ, честитки за постигнатиот успех и почетокот на твојата кариера! Ние на Академијата за дигитален маркетинг те познаваме, но што би споделил за останатите?

Здраво, јас сум Петар – алумни студент на Академијата за дигитален маркетинг. Доста љубопитна и амбициозна личност. Секогаш спремен за нови патувања и проширување на сопствените хоризонти.

 

Зошто баш дигитален маркетинг?

Дигиталниот маркетинг нуди иновативност којашто никогаш не запира. Професија којашто никогаш нема да стивне, исто така која го движи светот напред, а воедно нуди постојано надградување и учење.

 

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за дигитален маркетинг. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Би сакал да бидам најкраток што можам, затоа што не би знаел кога е доста. Мајстори за отварање „школки“!

 

Какво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Балансот, работа-студирање-личен живот. Но, кога нешто сакаш и си опкружен со прави љуѓе околу себе, сѐ се надминува!

 

Кој модул ти беше најинтересен и зошто?

Не би можел да издвојам ниту еден модул. Мојата лична перцепција беше како Allice in Wonderland, секогаш нешто ново, секогаш нешто поучно. Премногу идеи, премногу размислувања, предобри ментори!

 

Веднаш по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг започна да ја градиш својата кариера како SEO & Google Ads Specialist во компанијата Thrasker. Каков беше процесот за да стигнеш до тука?

Бев исконтактиран од страна на Thrasker, за интервју на коешто поминав многу добро. Потоа следеше уште едно интервју и ја добив понудата. Голема благодараност повторно до тимот на Brainster, за целиот труд и фокус кој ни го придават за подготовките за аплицирање и вработување.

 

Што се очекува од тебе на работното место како еден млад дигитален маркетер? Кои би биле твоите задачи и обврски?

Од мене се очекува да бидам: team player, self motivated, task-oriented I strategic thinker. Моите задачи се однесуваат на: истражување на конкуренцијата и пазарот, copywriting, keyword research, SEO Audit, поставување на кампањи, оптимизирање на кампањи и подобрување на перформансите.

 

И за крај, што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на дигитален маркетинг?

Би препорачал на секого едно вакво патување, со пилоти професионалци! Доколку некој сака постојано учење и постојано надградување аеродромот е доста познат – Brainster!

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек!

Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Trending Stories That Might Interest You