Запознајте ја Ивана Данилова – алумни студент на нашата Академија за дигитален маркетинг која направи целосна кариерна трансформација и успеа да ги совлада сите предизвици.

По нејзиното завршување на Академијата, Ивана започна да работи како Social Media Manager во маркетинг агенцијата Roccad, каде ќе продолжи да ги надградува своите вештини.

 

Си поразговаравме со Ивана за нејзиното ново работно место и студентски денови

 

Пред сѐ, честитки за успешно завршената Академија и за почетоците на твојата кариера како Social Media Manager. За почеток, кажи ни од каде се роди желбата и зошто се одлучи за дигитален маркетинг?

Благодарам за честитките. Ако некој ми кажуваше дека ќе работам во сферата на маркетингот само ќе се изнасмеев. 🙂 Но, пред 4 години, мислам, сосема случајно присуствував на едно предавање за дигитален маркетинг, токму од Brainster и ми побуди голем интерес, искрено. Потоа, се најдов на pop-up курсот од Петар Ниновски, за Growth Hacking, и бев импресионирана. А, воедно и фамилијарниот бизнис, пекарницата сакав да биде рекламиранa како што треба. Па, знаев дека ќе се запишам на Академијата за дигитален маркетинг, само чекав да ги завршам студиите. So here I am. 

 

Кажи ни нешто повеќе за себе!

Јас сум Ивана, имам 25 години, дипломиран прехранбен технолог, а сега можам да се наречам и дигитален маркетер. Си ги сакам и двете мои професии, иако се тотално различни. Дефинитивно сум креативна личност и низ годините барав каде да ја негувам таа креативност, но сега сум среќна што го открив маркетингот кој дава бесконечно можности за искажување на креативноста.

 

Ти си уште еден студент кој потврдува дека со упорност и посветеност може да се постигне сѐ во животот. Како си помина на Академијата за дигитален маркетинг? Имаше ли предизвици во процесот на учење и совладување на техниките?

Едвај чекав да почнам. Јас дојдов од сосема различна област и секако дека имаше предизвици, за мене ова беше тотално нов свет за кој ништо не знаев. Но, програмата беше навистина прилагодена from scratch to digital marketer. Со реалните проекти и feedback-от од инструкторите дефинитивно добив самодоверба дека сум на правиот пат. 

 

По завршувањето на Академијата, започна да работиш во компанијата Roccad. Како се одвиваше процесот за да стигнеш до тука? Што сѐ беше потребно? 

Многу интервјуа за работа, многу љубопитност и истрајност. 

 

Што би можела да ни споделиш за оваа компанија, која е нејзината област на работа?

Roccad е маркетинг агенција главно задолжена за Social Media Management & Marketing како и за Lead Generation. Составена е од млади амбициозни креативци кај кои тимската работа е неверојатна и најважно има простор за учење и развивање. 

 

Како изгледа еден твој работен ден? Што работиш моментално и кои техники и алатки ги користиш?

Работам од дома, целата комуникација за исполнување на тековните обврски се одвива преку Asana и оди одлично. Моментално работам на градење на содржина за социјалните медиуми на клиентите, секојдневно пишување copy, а исто така и сум задолжена за менаџирање на рекламите за социјалните медиуми. 

 

Како маркетерот гледа на светот и на работите околу него?

Дефинитивно го гледа светот со милион можности за создавање приказна, вредност и искажување на креативноста.   

 

За крај, што е она што тебе те убеди да се запишеш на оваа Академија и да ја промениш својата кариера? Што би ги советувала сите оние кои допрва размислуваат за кариера во оваа област и сакаат да преземат ваков чекор?

Јас се одлучив затоа што е динамично поле, а јас не сум личност што сака да стои во место, секогаш има нешто ново што ќе научиш и најважното, има многу простор за развивање како на професионално така, и на лично ниво. Би ги советувала сите да не се плашат да излезат од комфорната зона, да бидат упорни и истрајни за своите соништа. Многу љубопитни, бидејќи светот на дигиталниот маркетинг се менува секојдневно.  

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

На оваа Академија учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!